Лазар Ристовски, лауреат на фестивалот „Преку езерото“: Наградата „Мето Јовановски“ носи име на голем актер, жалам што немам филм со него

August 7, 2025
2 mins read

Лазар Ристовски, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“ што ја доделува фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ денеска на прес конференција изрази благодарност за високотo признание и жалење што никогаш не работел на проект заедно со Мето Јовановски чие име ја носи наградата која му ја додели фестивалот.

-Роден сум во Војводина, татко ми е од Мариово. Оваа награда е и голема и значајна бидејќи носи име на еден голем актер, Мето Јовановски кого го познавав, со кој бев пријател, но никогаш не сум играл со него во ист проект. И жалам поради тоа. Почестен сум и среќен што сум во Македонија на овој можне интересен и оригинално конципиран фестивал „Преку езерото“, истакна лауреатот.

Во поглед на процесот на работа истакна дека секогаш го интересирал токму самиот процес каде секогаш давал се од себе.

-Кога ќе дојде премиера, црвен килим…тука не се чувствувам пријатно и не се оптеретувам со тоа. Кога бев помлад -да, но како што поминував се повеќе време во оваа работа, а еве веќе 50 години работам како актер, режисер и продуцет, се она што доаѓа потоа не ме интересира, рече Ристовски.

Вели дека во овие 50 години глумата била негов живот.

-Актерството е многу тешка професија, бидејќи наша алатка е нашето тело и нашата психа и разликата меѓу актерите се состои во тоа колку се храбри да ископаат во себе  по својата психа. Оние кои се храбри да копаат подлабоко, пожестоко- тие се поголеми актери. Тоа не значи дека тоа ќе се види на нивните лица, некој глуми лесно, без оглед колку копал во себе и што се нашол. На некои актерски имиња тоа се гледа во смисла на напор и грч, има актери кои се потат, има некои кои лесно минуваат низ тоа… Јас сум некаде помеѓу- не се потев премногу, но доживував тежок процес, Во последно време малку глумам, но и немав некои понуди кои би ме мотивирале. Имав среќа да работам со некои што се светска  елита и во театар и на филм, така што таквите актерски предизвици ги поминав, бидејќи актерот глуми најмногу за режисерот, тој му е огледало додека ја работи својата работа и во театар додека траат пробите, актерот со едно око гледа во режисерот како реагира, раскажа Ристовски.

За прв пат во животот ќе одржи мастерклас токму на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран.

-На фестивалот ќе одржам мастерклас за прв пат во мојот живот. Никогаш не сум сакал никому да му солам памет или да држам предавања и затоа никогаш не сакав да бидам професор по глума. Јас како ученик и во основно и во средно училиште и на факултет никогаш целосно не им верував на професорите. Секогаш наоѓав некое поинакво мислење, секогаш бев критичен и често поради тоа ме бркаа од часовите. И сега јас како таков, некому да давам памет не ми одеше и затоа не се занимавав со педагошка работа, рече Ристовски.

Лазар Ристовски има одиграно повеќе од седумдесет улоги на филм и телевизија, во сите жанрови, на сите јазици на некогашната заедничка земја.

-Играше на српски, играше на англиски, на француски, на германски, a во филмот “Бело одело“, иако сите знаеме дека пишува “Не нагињи се кроз прозор“, тој висеше од надворешната страна на возот во движење се додека на сто јазици не кажа “Те сакам“! Во Македонија играше на македонски во филмовите “Јазол“ и “Збогум на дваесетиот век“. Но, она што е поважно е дека Лазар Ристовски во сите свои карактери играше со јазикот на љубовта, играше на јазикот на среќата, играше на јазикот на тагата, играше на јазикот на надежта, за сите разбирлив како универзален јазик на уметноста на филмот.
Му благодрам на мајсторот на филмот Лазар Ристовски кој со своето актерско, но и човечко достигнување направи во светот на филмот соништата на илјадници деца, илјадници тинејџери, илјадници студенти, а подоцна илјадници филмаџии по овие балкански и медитерански светови на сонот да создаваат свет составен од приказни за тоа како се расте, како се живее, како се страда, како се љуби, и како се создава свет на идеали, свет на совршената причина да постоиме и да создаваме свои соништа во форма на подвижни слики! Нека му е честита “Наградата “Мето Јовановски“ за високо актерско достигнување во уметноста на филмот“, рече на денешната прес конференција Јани Бојаџи, директорот на фестивалот „Преку езерото“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вонредна мобилизација уште еден месец: Владата ја продолжи кризната состојба поради шумските пожари

Следно

Зголемени температури во следните неколку дена – МЗ: да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Latest from Blog

Флотила со семејствата на израелските заложници се движи кон Газа во знак на протест поради негрижата на Владата

Флотила што носи семејства на израелски заложници тргна од пристаништето Ашкелон во јужен Израел кон Појасот Газа, во знак на протест против недејствувањето на нивната влада во процесот на преговори за прекин

Склучени договори за изградба и адаптација на објекти за детска и социјална заштита со 8 општини – Сингелиќ и Челопек ги добиваат своите први градинки

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани потпиша договори за изградба и адаптација на објекти за социјална и детска заштита со осум општини. Склучувањето на договорите ја потврдува заложбата на

Наслов: Историска правда за Медресејата Иса Беу – Меџити најави целосна интеграција во образовниот систем

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше на панел-дискусија организирана од Медресејата Иса Беу во Скопје, по повод важна законска промена – официјалната интеграција на оваа

Алиу веќе го „излечи“ здравството – сега терапијата му е паркинг со 300 места

Откако, се разбира, сите листи за чекање мистериозно испарија, Министерот за здравство Азир Алиу реши да се зафати со најсериозниот остаток од македонските болнички маки – паркингот кај Клинички. Според неговата најава,
Go toTop