Лашкоска до Ковачевски: Дали свесно заедно со министерката за култура продолжувате да ги уништувате традиционалните манифестации во Македонија и од каде ќе се обезбедат пари за прифатените жалби од апликантите на конкурсот?

February 23, 2023
1 min read

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска упати две пратенички прашања. Првото упатено пратеничко прашање е до премиерот каде таа запраша од каде ќе се обезбедат пари за прифатените жалби од апликантите на конкурсот во културата?

„Имено секоја година од кога СДСМ е на власт откако ќе се објават резултатите од конкурсите од годишната програма на министерството за култура истите се пропратени со голем број на негативни реакции и незадоволство од уметниците и разни организации од засегнатите страни. Свесно ли премиерот заедно со министерката за култура продолжува да ги уништувате традиционалните манифестации во Република Македонија“, рече Лашкоска.

Лашкоска додаде дека тоа таа го прашува за да знае дали целта да не добијат пари долгогодишните манифестации е за да тие се уништат.

„Прашувам дали целта на вашата одлука да не добијат пари долгогодишните манифестации како Вевчански карневал, Илинденски марш, карневалот Прочка во Прилеп, Блаже Миневски за романот Гоце Делчев или пак минималните средства доделени на ОФФ фест, Макфест, Страцинови средби, Танц Фест, Прилеп Џез фестивал итн е за да се уништат традиционалните манифестации во Република Македонија“, вели Лашкоска.

Лашкоска второто пратеничко прашање го упати до министерот за транспорт и врски.

Таа го запраша министерот за транспорт и врски Дали свесно се предизвикуваат проблеми во работењето на македонски пошти се со цел да се уништи оваа институција и понатаму да се приватизира истата? Дали намерно не се почитуваат договорите од страна на власта склучени со синдикатот и не се решаваат наталожените проблеми за кои вработените најавуваат штрајк? Дали свесно се обезвреднува пошта за да ја продадете без пари и кој е тој што треба да стане сопственик на македонска пошта односно со кого веќе Владата го води пазарот?

„2000 вработени во македонска пошта излегуваат на штрајк ако за 5 дена не се стопира одлуката за 31 ново вработување, на македонска пошта не и требаат нови 31 вработен во администрацијата оти не може да ги исплати платите и на сегашните над 2000 вработени. Синдикатот на македонска пошта побара стопирање на одлуката за нови вработувања и даде рок на Владата од 5 дена за состанок на кој би почнале да се решаваат наталожените проблеми“, изјави Лашкоска

Таа додаде дека ова е проблем кои вработените во македонска пошта го истакнуваат во јавност повеќе од една година и укажуваат на финансиските проблеми кои ги има македонска пошта и покрај проблемите со кои се соочуваат, генералниот директор распишал оглас за 31 нововработени во администрација за кој синдикатот велат дека се непотребни.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц: Не би било паметно Киев да ја нападне руската територија со западно оружје

Следно

Ирански министер повреден во хеликоптерска несреќа, загина негов соработник

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop