Лајчак: Утрешниот состанок со Вучиќ и Курти во Брисел е исклучително важен

May 1, 2023
1 min read

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, во објава на Фејсбук ја сумира минатата недела, велејќи дека на Економскиот форум во Делфи се сретнал со косовскиот премиер Курти, со цел детално да се подготви за претстојната средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што ќе се одржи на 2 мај во Брисел

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, оцени дека утрешната средба во Брисел, во рамки на дијалогот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, ќе биде особено важна.

Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово

Тој во објава на Фејсбук ја сумира минатата недела, велејќи дека на Економскиот форум во Делфи се сретнал со косовскиот премиер Курти, со цел детално да се подготви за претстојната средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што ќе се одржи на 2 мај во Брисел.

„Мојата последна недела почна и заврши во земји за кои Западен Балкан е високо на агендата. За дијалогот меѓу Белград и Приштина го информирав мојот добар пријател, министерот за надворешни работи на Грција. Разговарав и со косовскиот премиер Албин Курти за деталната подготовка за претстојната средба на високо ниво на 2 мај, која ќе биде особено важна“,

вели Лајчак.

Во пресрет на утрешниот состанок со претседателот на Србија, косовскиот премиер Албин Курти изјави оти нема да дозволи создавање на нова форма на Република Српска на северот на Косово, ниту, како што рече, сателитска парадржава со деструктивна суштина да ја поткопа државноста на Косово.

На состанокот од 27 февруари во Брисел беше договорен текстот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Вучиќ и Курти, под покровителство на ЕУ, на 18 март одржаа состанок и во Охрид каде беше постигнат договор и за анексот за имплементација на сите членови од Договорот.

Лидерите не го потпишаа договорот, но според претставниците на ЕУ и САД, и покрај тоа, двете страни се обврзани да ги спроведат сите точки предвидени во него.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руски воз излетал од шините по експлозија во близина на границата со Украина

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: За ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Обвинителството случајот со куќата на тештата на Даштевски на Халкидики како да не постои

Latest from Blog

ММФ со позитивна оценка за македонската економија: раст, стабилност и намален долг

8 јуни 2026 година, Скопје – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците

НЕИДЕНТИФИКУВАН ДРОН експлодираше во Молдавија

Молдавската полиција денес објави дека беспилотно летало, најверојатно борбен дрон, експлодирал на периферијата на селото Лопатна, во округот Орхеј, во ноќта меѓу 7 и 8 јуни, и потврди дека нема повредени. „Властите

Општина Битола: Нов спортски комплекс за жителите на „Стрелиште“

Жителите на населбата „Стрелиште“ во Битола по повеќе од две децении ќе добијат нови и современи спортски терени, откако Општина Битола започнува реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција и модернизација на

Адвокатот Жарко Хаџи-Зафиров: Правдата за загадувањето ја бараме и во Стразбур

Правната борба против загадувањето од домашните судови се сели во судот за човекови права во Стразбур. Неодамна се докажа дека нашата држава со голи раце „војувала“ против загадувањето, односно ова со судска
Go toTop