ЛА Лејкерси спремаат нова „бомба“

July 18, 2025
1 min read

Минатата сезона донесе еден од најголемите договори, па може да се каже дека во поновата спортска историја, а се однесува на доаѓањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.

Лејкерс не успеаја да ја освојат шампионската титула, дури беа многу далеку бидејќи беа елиминирани во првото коло од плејофот со убедлив пораз од Минесота со 4:1. Сепак, ова не го обесхрабри генералниот менаџер Роб Пелинка да создаде тим кој ќе биде во фокусот на сите можни рефлектори во Холивуд, Америка, па дури и целиот свет во иднина.

Според познатиот НБА инсајдер Ентони Ирвин, Лејкерси развиваат стратегија за иднината во која ќе додадат уште една голема европска ѕвезда покрај Лука Дончиќ, а целта им се гиганти како Никола Јокиќ или Јанис Адетокумбо.

Доколку Никола продолжи со тимот од Колорадо, тогаш Лејкерсите би морале да понудат многу во размена за Сомборецот. Она што може да биде отежнувачка околност за Лос Анџелес при доведувањето на Никола Јокиќ е тоа што Денвер ќе има респектабилна клупа по долго време.

Се чини дека сето ова им го отежнува на Лејкерсите да го добијат Јокиќ, и дека клубот од Градот на Ангелите затоа ќе се сврти кон Јанис. Грчкиот интернационалец има договор со Бакс до 2028 година, но многу се зборува за неговата промена на средината.

Не е тајна дека на Адетокумбо не му се допадна потегот на Бакс да го отпуштат Дамијан Лилард, и дека Јанис ќе следи што ќе прават Бакс на пазарот и ќе донесе одлука каде да ја продолжи кариерата врз основа на тоа.

Во секој случај, доаѓањето на Јокиќ или Јанис во Лејкерси би бил уште еден епски потег на тимот од Лос Анџелес и генералниот менаџер Пелинка, но сето ова е сè уште малку веројатно.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски тврди дека власта води принципиелна политика и дека постапува за дивоградбите во Чаир

Следно

СДСМ: Додека македонската економија тоне, Мицкоски се задолжува 8 милјарди евра и се луксузира како османлиски бег

Latest from Blog

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во три различни делови од светот

Три силни земјотреси во ист ден ги погодија Јапонија, Венецуела и американската сојузна држава Калифорнија, предизвикувајќи загриженост и прашања дали овие настани се меѓусебно поврзани, пишува CNN. Во Јапонија беше регистриран земјотрес

Бугарското МНР негира дека дистрибуирало дипломатска нота во врска со посетата на семејството на Мицкоски

Бугарското Министерство за надворешни работи негираше дека дистрибуирало дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на семејството на премиерот, Христијан Мицкоски, објавија бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота
Go toTop