Кузеска: Дали огласот за паркингот на клинички од старт бил направен за Ѓока констракшн?

March 9, 2025
1 min read

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција ја обвини владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за потенцијален корупциски скандал поврзан со обидот да се „шитне“ паркингот на Клинички центар. Таа изрази сомнеж дека зад оваа одлука се кријат „матни дилови“ и потенцијално местење на тендер за конкретна компанија.

„По бурните реакции на јавноста власта е фатена во тесно, па се обидува да го заташка скандалот Суштинско прашање е дали уште во самото објавување на Огласот од страна на министерството за здравство се распишани услови кои можела да ги исполни само Ѓока констракшн? Дали однапред било се договорено?“ запраша Кузеска.

Според неа, особено скандалозни се условите на договорот, вклучувајќи ги минималните приходи за државата, зголемувањето на цената за паркинг за пациентите и долгиот рок на концесија. „Како е дојдено до скандалозните услови: само 1% од профитот да биде за државата, да има поскап паркинг за пациентите од 50 денари и со сомнителни рокови од 20 години“, праша портпаролката на СДСМ.

Таа истакна дека договорот мора да биде објавен за да се утврди дали бил наместен за одредена компанија. „Дали договорот е однапред наместен за фирмата ‘Ѓока’ може да се открие само со објавување на договорот кој сега велат дека немало да го потпишуваат“ додаде Кузеска, нагласувајќи дека компанијата била под истрага во Албанија откако добила пари за изградба на пат, но истиот не бил целосно завршен, а два тунели се урнале.

СДСМ бара итно расчистување на случајот. „Владата да го објави Договорот со ‘Ѓока’, јавно. Антикорупциската комисија и сите надлежни институции веднаш да отворат постапка за расчистување на случајот“, повика Кузеска. Таа додаде дека граѓаните имаат право да знаат дали тендерот бил наместен за однапред договорена фирма.

„Оваа власт на ДПМНЕ и ВЛЕН мисли дека може да продава државни ресурси на штета на граѓаните, но СДСМ тоа нема да го дозволи! СДСМ е тука да ја заштити државата и народот!“ заклучи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“

Следно

И по 300 години сè уште меле – воденицата на Џафер во Зајас сè уште работи

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop