Курти победи, но нема самостојно мнозинство за да формира влада

February 10, 2025
1 min read

Откако победи на изборите и освои 10 проценти помалку од од пред четири години, Курти сепак најавува дека и по трет пат ќе биде премиер на Косово. Тој во своето обраќање ноќеска најави дека државниот буџет ќе стане поголем од бруто домашниот производ, но не испушти да упати и навредливи пораки до опозиционерите. 

– Рекоа дека државниот буџет ќе стане поголем од бруто домаѓниот производ. Какви животни. Ветуваа и коефициент поголем од нивната програма. Какви животни! Но, времето на животните заврши! – Албин Курти, премиер на Косово.

Според резултатите Самоопределување на Курти е во кусок од 15-ина мандати за да стигне до неопходните 61 пратеник. Двете опозициски партии Демократската партија и Демократската лига на Косово би имале вкупно 45, пред Алијансата на Харадинај со 9 мандати, сепак останува неизвесно дали некој од нив  ќе му ги помати сметките на Курти. 

– Мнозинството граѓани и го свртеа грбот на оваа влада. Резултатот покажува дека тие бараат нова влада, поинаква влада. – Блеранд Ставилеци, портпарол на Демократската партија на Косово.

Аналитичарите прогнозираат дека Курти сега ќе се обиде да состави влада со 10-те пратеници на малцинствата и со уште неколкумина пратеници. Сепак додека Курти славеќе победа во Приштина, Србите славеа во Северна Митровица, откако ги освоија максималните 10 мандати во Парламентот. Курти доби честитки од многу политичари. Меѓу кои и од Македонија, посебно од партијата Вреди. Од таму сметаат дека На Косово му е потребен Курти да продолжи уште четири години со владеење.

Ова беа деветти парламентарни избори, но први редовни од прогласувањето на независноста на Косово пред 17 години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За пациентите е потешкотија заминувањето и враќањето од дијализа со автобуси

Следно

Определен притвор за градоначалникот на Тирана, за неговата сопруга која е надвор од земјата куќен притвор

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop