Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово

September 8, 2025
1 min read

Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што најави и развој на беспилотни летала „Made in Kosovo“.

Тој рече и дека ќе се создаде заедничка воена единица со Оружените сили на Република Албанија.

– За нашата армија во четирите години од наредниот мандат ќе издвоиме буџет од над една милијарда евра. Ќе ја продлабочиме и прошириме билатералната и мултилатералната меѓународна соработка со земјите-членки на НАТО. Ќе ја ставиме во функција Фабриката за муниција и ќе ја развиеме воената индустрија на Косово. Исто така, ќе развиеме беспилотни летала ‘Made in Kosovo’, изјави Курти.

Тој дополни дека зајакнувањето на армијата ќе се реализира преку набавка на оружје, обука и едукација во земјата, како и во соработка со Албанија и во најпрестижните воени академии во партнерските земји.

– Ќе ја создадеме Заедничката воена единица со Оружените сили на Република Албанија. Регрутирањето на нови кадети ќе продолжи со зголемен интензитет. Целиме да имаме 1000 жени и девојки војници во новиот мандат. Програмата за сеопфатна одбрана ќе се спроведе низ целата земја. Во рамките на оваа програма, секој доброволен резервен војник ќе добие соодветна обука и оружје во случај на мобилизација, изјави Курти. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

До денеска 18 репрезентации обезбедија „виза“ за СП 2026

Следно

ХАОС КАЈ МАВРОВО: Судар на 8 возила, петмина повредени – целосен прекин на сообраќајот!

Latest from Blog

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во
Go toTop