Курти: Историска посета на директорот на ЦИА на Косово

August 23, 2024
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти денеска се сретна со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс и оцени дека посетата е важен историски момент во билатералните односи меѓу Косово и САД.

На средбата беше истакната заложбата на косовската Влада и безбедносните и разузнавачки институции, предводени од Косовската разузнавачка агенција (КОА) за подобрување на соработката со ЦИА.

„Историската посета на директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, на Косово е високо ценета од Владата на Република Косово. Тоа е доказ за силните и стабилни односи меѓу двете земји и е златна можност за продлабочување на стратешката соработка, за мир и безбедност во регионот и пошироко“, се наведува во соопштението на косовската Влада.

Во него се додава дека Курти му се заблагодарил на директорот на ЦИА за неговата континуирана поддршка и ја изразил својата посветеност за продлабочување на соработката во областите од заемен интерес, најавувајќи дека американските вредности на демократијата, владеењето на законот и редот и непоколебливата евроатлантска ориентација „ќе останат централен столб на доброто и демократско владеење во Косово“.

Премиерот Курти го информираше директорот Барнс за економскиот раст и развој, како и за социјалниот и демократскиот напредок на Косово, нагласувајќи дека „сите внатрешни безбедносни предизвици успешно се управуваат со моќта на праведниот закон на една демократска држава“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Локализиран пожарот во фабриката „Ником“ во Кавадарци

Следно

ОН: Пад на населението на Македонија до 2050 година за 17,3%, од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop