Курти: „Го истражуваме зголемувањето на ризикот од насилни напади“

October 12, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека косовските безбедносни и разузнавачки институции го истражуваат зголемувањето на ризикот од насилни напади и ги повика сите граѓани, особено Србите, да бидат внимателни и да се воздржат од исценирано и злонамерно насилство, јавува Анадолу.

Курти на почетокот на седницата на Владата на Косово рече дека многу нешта се поинакви од паравоениот, терористичкиот и криминалниот напад од 24 септември во Бањска. Тој посочи дека сѐ би било поинаку доколку не биле неутрализирани терористичката група и нивните планови за анексија на четири општини на северот на Косово во првиот чин.

„Нашите безбедносни и разузнавачки институции неодамна го истражија зголемувањето на ризикот од организирање насилни напади од групи српски криминални структури на Косово. Нивната главна цел е да ја обвинат косовската полиција и да ја претстават како сила на угнетување врз косовските Срби. За да го постигнат тоа, не поставија горна граница на цената“, рече Курти.

Тој истакна дека тие структури се охрабрени од поддршката од државата Србија, од една страна третирајќи ги како херои и паднати борци, а од друга страна со интензивирањето на активностите на војската покрај границата со Косово.

„Тие се обидоа да ја променат реалноста на теренот со организирани и координирани паравоени акции. Не успеаја. Го злоупотребија манастирот Бањска, со цел да им дадат верска боја на настаните од 24 септември. Повторно не успеаја. Сега, криминалните формации спонзорирани од нашиот северен сосед, во нивните дестабилизирачки сценарија, многу е веројатно дека ќе ги злоупотребуваат етничките разлики за политички цели“, рече Курти.

Косовскиот премиер оцени дека ослободувањето на Милан Радоичиќ, неполни 24 часа по неговото апсење, е доказ и сигнал за потенцијалот за прегрупирање и одмазда, бидејќи на 24 септември, официјален и воен Белград не успеа.

Тој додаде дека 23 години по соборувањето на режимот на Милошевиќ, сегашниот српски режим никогаш не наликувал на Србија на Милошевиќ, по погледи и цели, по однесување, методи и постапки.

„Затоа ве повикувам, особено вие почитувани српски сограѓани, во наредните денови, недели и месеци да бидете внимателни и да се воздржите од исценирано и злонамерно насилство. Во Косово сите сме еднакви граѓани бидејќи државата е правна, а општеството е демократско. Нема непожелни заедници. Албанци, Срби, Бошњаци, Турци, Ашкали, Роми, Египќани, Горанци и сите останати, живеат и работат заедно насекаде во нашето сакано, мирно и проевропско Косово“, рече Курти.

Тој ги повика граѓаните да се потпрат на косовската полиција, да пријават сомнително однесување на непознати лица и да не наседнуваат на непотврдени пријави и дезинформации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајанов бара итно да се усвојат измените на изборниот законик за една изборна единица

Следно

Претседателот на Европскиот совет: „Основните резерви мора да стигнат до Газа“

Latest from Blog

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за

Експедицијата на Сенегал на Мундијалот предизвикала сексуален скандал!!!

Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста. По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе,

УНГАРИЈА ПРЕД УСТАВНА КРИЗА – Новиот премиер му се закани на претседателот со итен импичмент!

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од
Go toTop