Курти: 2024-та е година на интеграцијата на српската заедница во Косово

June 10, 2024
1 min read

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека, како „резултат на конструктивната работа“ на Владата и граѓаните, 2024 година претставува „година на интеграција“ на српската заедница во Косово.

Во синоќешната објава на платформата „Х“, Курти вели дека од почетокот на оваа година во четирите општини во северно Косово – Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, каде што мнозинство се граѓаните од српска националност, се издадени над седум илјади пасоши, 6.800 лични карти и 1.100 возачки дозволи на Република Косово.

Тој додава и дека во новоотворените канцеларии на Агенцијата за регистрација на косовскиот север се отворени 159 бизниси.

– 2024-та е година на интеграција. Само во првите пет месеци во општините каде српската заедница е мнозинство се издадени над седум илјади РКС пасоши, 6,8 илјади лични карти и 1,1 илјада возачки дозволи. Промената на нелегалните возачки дозволи во (оние со ознаката) РКС е во тек и оди многу добро. Исто така, 159 нови бизниси се регистрирани во новоотворените канцеларии на Агенцијата за регистрација на бизниси во четирите општини на северот на Косово. Ова е резултат на конструктивната работа меѓу владата и нашите граѓани и на заедничкото верување дека една обединета земја е силна земја“, напиша Курти.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серж Ибака се враќа во Реал Мадрид

Следно

ДКСК ќе ја одржи шестата седница

Latest from Blog

Трамп, Хегсет и Рубио доаѓаат на Балканот

„Сè уште не го знаеме точниот датум, има многу работи што се случуваат, но тој ќе дојде во Грција“, рече таа, според бриселскиот „Политико“. Таа додаде дека американскиот секретар за одбрана Пит
Go toTop