Куп на Македонија 2024: Цеца освои прво место во категоријата Бикини Мастерс

1 min read

Цветанка Аврамовска го освои првото место во категоријата Бикини Мастерс на Куп на Македонија 2024 г. Државно првенство во Бодибилдинг и Фитнес организирано од Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија.

„Тренирањето и желбата за добра форма се мојата пасија која ме одржува во живот и ми дава константна сила да им се спротивставам на тешките моменти, предизвиците и падовите со константност и упорност во она што го правам“ – објавила на својот инстаграм профил.

Би рекла: „Тренирањето не е само пасија за одржување добра форма и тело, тренирањето е дисциплина, борба за духовниот развиток и градење на цврста личност која засекогаш ќе се откаже од откажувањето“.

-Периодов ми беше напорен, полн со обврски, предизвик да го достигнам потребниот дефицит на калории, да сум константна и дисциплирана, а од друга страна да останам достоен родител на две деца, на рана возраст, низ целиот процес.

-Првото место не е само титула на победник, туку ги одбележува макотрпните денови, трудот, љубовта кон овој спорт, желбата да се остане дисциплиран и константен, а пред се мотивот да се вежба до отказ, а во суштина, никогаш да не се даде отказ“, пишува во дел од постот Цветанка.

Државно првенство

Извор: kurir.mk

Претходно

Ќе кажат „ДА“: Хороскопски знаци кои до крајот на месец април ќе добијат понуда за брак

Следно

Раста итно хоспитализиран, раперот со неподносливи болки

Latest from Blog