Култната „Славија” во Кисела Вода прерасна во модерен спортски комплекс

October 7, 2023
1 min read

По неколку децении култната „Славија”  во скопската општина Кисела Вода од запуштена, прерасна во модерен спортски комплекс!

-За Општина Кисела Вода, за Пржино, за сите генерации кои во едно далечно минато тука спортуваа и бележеа спортски резултати, за сите нови млади спортски таленти кои денес добиваат простор за себе. Сѐ до денес игралиштето ,,Славија” беше живо само во спомените. Реалноста беше поразителна. Од култно место, од еден спортски белег на нашата општина, просторов беше оставен да пропаѓа, целосно запуштен и неугледен. Многумина претходно ветуваа, но се чинеше дека оваа тема нкогаш нема да дојде на дневен ред, порача синоќа првиот човек на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. 

– Водејќи се од она во кое силно верувам, дека „Исполнетите ветувања се огледало на интегритетот и преданоста на еден човек”, пред неколку месеци започнавме со интензивни градежни активности чиј резултат го гледаме сега. „Славија” од денес е модерен спортски комплекс подготвен да биде центарот на спортските збиднувања за сите тенисери, фудбалери, кошаркари, пигпонгари, простор за рекреација и спортска активност на сите наши жители, додаде тој. 

 На површина од 1350 квадратни метри, сега нуди најсовремено кошаркарско, фудбалско игралиште, модерни терени за тенис и пинг понг, создадени според највисоките меѓународни стандарди. Поставена е и урбана опрема, ограден е и осветлен, што го прави овој спортски центар удобен и безбеден за користење дури и во вечерните часови.

– Искрено верувам дека тој повторно ќе биде култно место каде нашите млади ќе се собираат, ќе спортуваат, ќе се рекреираат и дружат.Дека ова ќе биде простор каде што ќе се бележат спортски успеси и ќе се раѓаат нови спортски таленти, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска објави „аларм за воена состојба“, започнати напади на Газа

Следно

Туркије до САД: Престанете да соработувате со терористите на ПКК/ЈПГ на северот од Сирија

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop