Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал

June 11, 2025
1 min read

Одбранбениот фудбалер Калиду Кулибали како историска ја опиша победата на репрезентацијата на Сенегал синоќа во пријателскиот натпревар со Англија.

Средбата во Нотингем заврши со 3:1 за африканската селекција.

– Беше прекрасна вечер! Знаевме дека сме способни да постигнеме успех на овој натпревар. Не сме навикнати на историски моменти, но ова веќе се случи на финалето на Африканскиот куп на нации во 2021 година, а денес го направивме тоа повторно. Посветени сме да го продолжиме развојот на Сенегал и да покажеме дека сме достојна нација, изјави Кулибали за „Би-би-си“.

Репрезентацијата на Сенегал стана првата африканска репрезентација во историјата што ја победила Англија.

Претходно, во натпреварите со африканските репрезентации, репрезентацијата на Англија победи 15 пати, а шест пати ремизираше.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалничката на Лос Анџелес прогласи полициски час во центарот на градот поради протестите за имигрантите

Следно

Без вода дел од корисниците на Влае

Latest from Blog

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop