Кукуноска во Аргумент плус: Сите институции треба подеднакво да водат грижа за безбедност, заштита и здравје на вработените

January 21, 2025
1 min read

Бизнисменката од дејноста на безбедност, заштита и здравје на вработените, Марија Кукуноска во Аргумент плус зборуваше за тоа колку е важно сопственците на приватните компании но и директорите на државните институции да водат грижа за безбедноста, заштитата и здравјето на вработените.

Според неа, важно е да се инвестира во оваа област бидејќи човечкиот капитал е најважен.

„Во поголемите и средните компании се обрнува повеќе внимание на заштитата од пожари но и на заштитата на вработените. Државните институции пак воопшто е внимават и од она што досега го имам видено можам да кажам дека немаат системи за детекција на пожари“, рече Кукуноска.

Покрај безбедноста од пожарите, таа зборуваше и за тоа дека е важно во секоја поголема компанија да има барем еден лекар кој ќе врши редовни контроли на вработените со цел да се избегнат несакани последици.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије прогласи ден на национална жалост поради смртоносниот пожар во Болу

Следно

Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп ја фрла во сенка тезата на ДУИ „За Европа-против Русија“, тоа им беше параван за затскривање на нивниот криминал

Latest from Blog

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop