Куба ги демантира тврдењата дека Кина воспоставува шпионска база во земјата

June 9, 2023
1 min read

ХАВАНА (АА) – Куба синоќа ги негираше тврдењата дека Кина и администрацијата на Хавана се договориле да основаат база на островската земја за да ги шпионираат Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.

„Вол Стрит Журнал“ вчера објави дека кубанските и кинеските власти постигнале договор за воспоставување објект за спроведување на она што е познато како собирање разузнавачки информации.

Карлос Фернандез де Косио, заменик-министер за надворешни работи на Куба, ги нарече тврдењата целосно „невистинити и неосновани“ и рече дека таквата вест е „злонамерно промовирана за да се оправда невиденото зајакнување на економската блокада, дестабилизација и агресија врз Куба“.

„Владата на Куба отфрла какво било странско воено присуство во Латинска Америка и Кариби, вклучително и многубројни американски воени бази и војници, а особено воената база што незаконски окупира дел од нашата национална територија во провинцијата Гвантанамо“, рече Де Косио.

САД, исто така, ги отфрлија тврдењата дека Кина постигнала договор со Куба за формирање шпионска база во островската држава.

„Не е точно дека Кина има план за воспоставување единица за електронско разузнавање во Куба, како што е објавено во ‘Вол Стрит Журнал (ВСЖ)’ повикувајќи се на американски претставници запознаени со доверливи разузнавачки информации“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бејли: За пет години отсега граѓаните во С Македонија ќе видат оти уставните измени се позитивно решение

Следно

Еден убиен и неколкумина ранети во нов бран руски напади врз Украина, велат властите во Киев

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop