Кроасани

December 22, 2025
1 min read

   Состојки:

  • 1кг брашно
  • 500 мл топло млеко
  • 2 жолчки
  • 1 цело јајце
  • 40 грама свеж квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 100 мл масло

 

         ФИЛ:

  • 250 грама маргарин
  • 1 јајце
  • џем, мармалад, крем

 


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Подготовка:

Загрејте го малку млекото, потоа додадете го квасецот, шеќерот и 1 лажица брашно и оставете го 10 минути на топло место. Истурете околу 200 грама брашно во длабок сад, додадете сол и измешајте со дрвена лажица, додадете 2 жолчки и едно јајце и добро измешајте сè, додадете масло и ферментиран квасец и добро измешајте со дрвена лажица и полека додадете брашно и месете. Месете додека не се појават меурчиња на тестото. Оставете го на топло место да отстои околу еден час. Кога тестото ќе нарасне, месете го и поделете го на 6 топчиња. Оставете ги топчињата да отстојат околу 15 минути.Секое топче развлечете го со сукало (ако тестото малку се лепи, набрашнете го сукалото и тестото). Поделете го маргаринот на 6 дела и изрендајте го подеднакво на секое тесто, и редедете ги едно врз друго. Расукајте кора, превиткајте ја со рацете и оставете ја настрана да отстои 15 минути. Кога тестото ќе се одмори, расукајте го и исечете го на 8 дела. Ставете го филот по желба и извиткајте ги кроасаните. Изматете едно јајце во мал сад и премачкајте го секој кроасан потоа наредете ги во плех на хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 220 степени додека не добијат златно-кафеава боја. Наросете по желба шеќер во прав

 

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата, СДС лаже за да добие ситни политички поени

Следно

Тешка несреќа во Египет: Се судриле два брода на крстарење по Нил, едно лице загина

Latest from Blog

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи
Go toTop