Криумчари криеле мигранти во отворениот товарен простор на пикап возила и нелегално ги пренесувале во Грција

March 27, 2025
1 min read

Грчката полиција разби криминална организација која криумчела мигранти и преку копнената граница со Турција кај Еврос, во Грција нелегално внесувала лица кои биле скриени во отворениот товарен простор на пикап возила, а идентификувани се девет членови на мрежата, од кои пет се уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.

Истрагата ја воделе полицајци од Одделот за управување со миграција во Дирекцијата за странци во Солун во соработка со European Migrant Smuggling Center на Јуропол, при што произлегло дека криминалната организација ја сочинуваат тројца Грци и шестмина странски државјани на возраст од 29 до 72 години, од кои петмина се уапсени, двајца се наоѓаат во затвор во Грција, а по останатите двајца се трага.

Членовите на организацијата користеле возила од странство, главно од Бугарија со кои мигрантите се пренесувале од грчко-турската граница кај Еврос во внатрешноста на земјата.

Мигрантите биле криени во товарниот простор на пикап возила (4×4) што бил покриен со церада, а целиот процес ги ставал во опасност нивните животите, како што се гледа и од видеото и фотографиите што ги објави грчката полиција.

мигранти грција

-За време на повеќемесечната истрага, утврдено беше дека во рамки на активностите, организацијата извршила најмалку осум нелегални транспорти, а во секој од случаите во просек биле пренесувани од осум до 14 странски државјани, при што проценетата незаконска финансиска корист изнесува околу 500.000 евра, соопштија од грчката полиција.

Во рамките на истрагата биле извршени претреси во седум домови и еден магацин – работилница, при што биле откриени и одземени седум пик-ап возила (4×4), кои се користеле за транспорт на нелегалните мигранти; шест автомобили, а во домот на еден од уапсените членови биле пронајдени и конфискувани 1.570 кутии цигари и 1.079 пакувања со тутун.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Париз состанок на државните лидери посветен на поддршката на Украина и постигнување праведен и траен мир

Следно

Во 2024 година зголемено производството на компир, краставици, јаболки и цреши, а намалено на ориз и сончоглед

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop