Кремљ: Путин е подготвен да разговара за предлогот на Зеленски за ненапаѓање на цивилната инфраструктура

April 22, 2025
1 min read

Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека во моментот нема конкретни планови за разговори помеѓу Русија и Украина.

Зеленски вчера изјави дека Украина е подготвена за секаква форма на дискусии за да се стави крај на нападите врз цивилни објекти.

– Украина продолжува да го одржува својот предлог да не се напаѓа барем цивилните цели. И очекуваме јасен одговор од Москва, посочи вчера Зеленски.

Песков наведе дека Путин вчера се осврнал на сложеноста на темата цивилни цели.

– Односно, кога зборуваме за цивилни инфраструктурни објекти, мора јасно да разликуваме под кои околности овие објекти можат да бидат воена цел, а под кои околности не можат, посочи Песков, цитирајќи ја изјавата на Путин дека цивилен објект може да биде воена цел доколку таму има непријателски борци.

Путин пред Велигден прогласи 30-часовниот прекин на огнот. Но, Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за постојано кршење на велигденскиот прекин на огнот и за непочитување на мораториумот на нападите на енергетската инфраструктура, договорен со американско посредство минатиот месец.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена, претставници на сегашните коалициски партии

Следно

Додека Владата чека објава на цените на интернет, трошоците за храна растат

Latest from Blog

Како да го препознаете насилникот на време? „Ми беше потребна цела година да се извлечам“

Според стручните лица, за да препознае потенцијален насилник многу е важно секоја жртва да биде добро информирана за тоа што може да биде насилство. Широката јавност сè уште го перципира насилството само

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop