Кремљ ја обвинува администрацијата на Бајден за попречување на обидите на Трамп да стави крај на војната во Украина

November 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ ја обвини администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека се обидува да ги попречи напорите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на руско-украинската војна, која веќе трае повеќе од 1.000 дена, јавува Анадолу.

„За време на изборната кампања, Трамп изјави дека сака да обезбеди мир за сите. Тие сега (администрацијата на Бајден) се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата толку многу што веќе овие напори за мир се осудени на неуспех“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју со новинарот Павел Зарубин вчера.

Обвинувајќи ја администрацијата на Бајден дека е „учесник во војната“, Песков тврди дека тие постојано покажувале дека сакаат и ќе направат „сè“ за да се осигурат дека конфликтот во Украина нема да заврши.

Песков понатаму рече дека верува оти демократите сакаат да се одмаздат за нивната загуба на претседателските избори во САД претходно овој месец, понатаму тврдејќи дека затоа тие се обидуваат да ја „одведат администрацијата на Трамп во ќор-сокак“.

Портпаролот, исто така, рече дека мисли оти каква било конфронтација не ја исклучува можноста за дијалог и дека, во случајот со САД, е „тешко да се замисли“ дека Вашингтон ќе го намали дијалогот со Москва на нула.

Тој рече дека Москва не гледа на вториот мандат на Трамп со „розови очила“ и дека ќе видат дали идниот американски претседател ќе ја промени политиката на Вашингтон по неговата инаугурација во јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината

Следно

Ердоган: Побеснетата влада на Нетанјаху е како сериски убијци кои уживаат да убиваат

Latest from Blog

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го
Go toTop