Крамарска за ТВ 24: Не е паметно на избори да излезеш со луѓе кои придонеле за пад на рејтингот на партијата

March 13, 2024
1 min read

На СДСМ не им беше паметно што одат со таа постава што е најодговорна за падот на таа партија во изминатите две години. Убедена сум ако навреме направеа промени на кормилото тоа ќе им донесеше барем пет пратеници повеќе. Кога Љубчо Георгиевски си даде оставка тој рече дека пресметал оти со него на чело ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да има доволно гласови да ги победи СДСМ, вели новинарката Соња Крамарска во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

 – Тие превирања што се случија во Алијанса за Албанците нема да спласнат туку така. Тој судир е повеќе во албанскиот политички кампус, а не е кому ќе му дадат поддршка во вториот круг. Претседателските избори се генерална проба за парламентарните. СДСМ долго калкулираше кој ќе им биде претседателски кандидат, а Пендаровски одолговлекуваше да каже дали ќе се кандидира. Не верувам дека Пендаровски ќе победи на изборите оти преовладува опозициско расположение, но и само една изјава може да ги пресврти резултатите од анкетите, – вели Крамарска.

 

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Странските дипломати ја поздравија одлуката на косовската влада за доделување на земјиштето на Манастирот во Дечане

Следно

Внукот на Ахмети до крајот на годината се повлекува од Соравија

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop