Крајната десница зајакна на ЕУ изборите, поразени владеачките партии во Франција и Германија

June 10, 2024
1 min read

Европа сврте на десно – крајно радикалните партии остварија историски резултат, Европската Народна Партија е доминантна политичка сила, Макрон најави парламентарни избори во Франција, падна владата на Белгија.

Исходот од 4дневните избори во ЕУ и донесоа 185 мандати на ЕПП, во 720 члениот Европарламент. Втори се Социјал-демократите со 137 мандати, Либералите имаат околу 80 пратеници, Европските конзервативци 73, а крајната десница е расцепкана во неколку групи.

За мнозинство во Европскиот Парламент потребни се 360 пратеници, а допрва се очекуваат и новите коалиции.

– Во последните години гледаме дека во повеќе држави, екстремно десничарските партии се во подем, освојуваат се повеќе гласови и ова е прв пат тие да освојат толку гласови на европско ниво, што би го довело во прашање на класичното мнозинство Европската Народна Партија, Социјалистите и Центристичките партии, односно Либералите или Зелените, кои, барем досега беа оние кои ги креираа политиките во Европскиот Парламент. – вели Ана Крстиновска од ЕСТИМА.

Најголем пораз доживеа францускиот претседател Емануел Макрон, кој веднаш по резултатите најави избори на крајот на јуни. Екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен освои два пати повеќе од гласовите на политичкиот блок на Макрон, кој освои околу15 отсто.

Тежок удар доживеа и германскиот канцелар Олаф Шолц, чија партија се најде на третото место, позади ЦДУ и екстремно радикалната АФД. Се доведе во прашање и легитимитетот на германската влада иако портпаролот на Шолц најави дека нема да има вонредни избори.

И додека ЕУ ја тресе политички земјотрес, досегашната шефица на ЕК, Урсула Фон дер Лајен се чини дека спрема терен за втор мандат, а италијанската премиерка Мелони денеска и порача дека е рано да се зборува за тоа.

– Фон Дер Лајен ќе ја има можноста за втор мандат,меѓутоа сепак останува да се види со кого таа ќе се реши да соработува и чија поддршка ќе ја бара, бидејки постојат повеќе натегања дали ќе се приклони кон конзервативците или ќе соработува со Мелони или пак има некој ултиматум од Социјалистите дека тие нема да соработуваат со неа доколку таа реши да соработува со конзервативните партии. Така што, во моментот мопже да се каже дека игрите се започнати. – вели Крстиновска.

Падна и владата на Белгија, земјата која во моментот претседава со ЕУ. Откако победи националистичката десничарска партија на Фламанците, актуелниот премиер Александер де Кро поднесе оставка.

Во Унгарија партијата Фидес, на Виктор Орбан освои најмногу гласови на европските избори, но нејзиниот настап беше најлош во изминатите години.

Во Грција партијата на Мицотакис извојува убедлива победа. Во Бугарија ГЕРБ на Бојко Борисов, но за прв пат и радикалната „Преродба“ ќе влезе во Европарламентот со 3ца пратеници.

Следната недела се очекува Лидерите на земјите–членки да седнат на заедничка маса за главните позиции во ЕУ – претседател на Европската комисија, претседател на Европскиот совет и новиот шеф за надворешна политика на ЕУ.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот Ердоган во Анкара го пречека претседателот на Азербејџан Алиев

Следно

Средба Гаши – Агилер

Latest from Blog

Перински: Состојбата со јавниот превоз не е криза, туку крах

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во вечерашното гостување на телевизија „Алсат М“, состојбата со јавниот превоз ја оквалификува како крах, а не криза. Тој рече дека темата е актуелна веќе неколку

Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар – Шукова, Илиевски, Чупеска и Костова нови потпретседатели!

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница го избра новото раководство на партијата. Според информациите, нов генерален секретар на партијата е Александар Димитријевиќ, кој потекнува од Општинската организација во Гази Баба. Исто

Со фолклорно дефиле и завршен концерт Делчево одбележа 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО

Со фолклорно дефиле низ градските улици и завршен концерт на Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево го одбележа големиот јубилеј 10 години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО. На настанот

Заседава новиот Централен одбор на СДСМ

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вечерва одржува прва седница на која се очекува да бидат избрани нови членови на Извршниот одбор, потпретседатели и секретари на партијата. Централениот одбор на СДСМ беше избран

Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник за војната во Украина, објавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори. Во моментов нема специјален пратеник
Go toTop