Краделе и продавале лекови против канцер, полицијата на онкологија, Обвинителството собира докази

September 2, 2023
1 min read

реклама



Полицијата упаднала на Клиниката за онкологија под сомнение дека некои лекари и медицински персонал тргувале , или краделе од лековите за пациентите кои се лекувале од разни форми на рак и ги продавале на црно. Според информациите кои ги објави „Фокус“, во системот се регистрирани роднини на поранешното раководство на клиниката, кои навистина не се болни од рак, но лековите наменети на нив се препродавани по високи цени. Известување за оваа рација издаде и Обвинителството.

„Припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело.“, велат од Јавно Обвинителство.

реклама

Со поддршка за акцијата излезе и министерот за здравство Фатмир Меџити кој рече дека силно ги осудува обидите и дејствијата на поединци или групи кои, како што вели, нанале непоправливи штети на здравјето и животот на пациентите.

„Силна поддршка за акцијата на обвинителството и полицијата на Клиниката за Онкологија. Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата.“, вели Меџити.

Според информациите на „Фокус“, половина од терапијата им била дадена на пациентите, а остатокот завршил во Косово. Што се однесува до пациентите кои навреме ја забележале болеста, за да почнат со терапија платиле по 700 евра во готово. Исто така, во оваа клиника се користеле цитостатици со поминат рок, се создавале фиктивни приказни на пријатели и членови на семејството, кои подоцна биле скриени или уништени. Во овие приказни биле откриени и починати луѓе или луѓе кои биле во завршна фаза на болеста, а им биле препишани и големи дози на имунотерапија. Државните ревизори во април годинава го објавија извештајот за работата на Клиниката за 2021 година во кој се забележани пропусти при набавка на биолошка терапија, акцелератор, монополски тендери, лошо планирање на системот за приклучување на пациенти на терапијата, пречекорување на Буџетот за над 10 милиони евра и ненаплатени долгови од речиси 3,5 милиони евра.

реклама

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клоп: Јас сум презадоволен од Салах, а и тој од Ливерпул

Следно

Мичиген го прогласи септември 2023-та за месец на македонската култура

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop