„Козле“ се уште во тензии! – Вработените со писмо до премиерот и министерот

December 18, 2024
1 min read

Револтот на лекарите и вработените во Детската болница „Козле“ не завршува. Поплаките почнаа кога беше избрана новата директорка, Каролина Симоновска,  на која се жалат вработените. Меѓу многуте загрижености, во отвореното писмо упатено до Премиерот и Министерот за здравство, група лекари ја изразуваат својата загриженост дека новата директорка го уништува Кабинетот за бронхоскопија, каде по несогласувањата, дојде до низа оставки и отпуштања на стручен кадар.

„Со ова менаџирање, директорката постигна од извршени 67 бронхоскопии 2023 година, преку 40 бронхоскопии извршени од јануари до јуни 2024 година, вкупната бројка на бронхоскопии од почетокот на нејзиното директорување до сега, да ја сведе на само 3 бронхоскопии. “, се вели меѓу други работи во отвореното писмо упатено до Премиерот и Министерот“, се вели во дел од писмото.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, за ТВ21 потврди дека го добил писмото и дека за ова прашање ќе разговара и со директорката.

„Да, добив писмо од колективот каде се потпишaни вработените, главно лекари. Сега треба разговарам и со директорката. За да се донесе одлука, мора да се слушнат сите страни“, вели Арбен Таравари.

За ова прашање ТВ21 го праша Таравари на почетокот на октомври, кој рече дека доколку се потврди лошото однесување од страна на директорката, ќе бидат преземени мерки од Министерството за здравство. Сепак и после ова, директорката Симоновска продолжува со извршување на функцијата.

Имаше и политички реакции во врска со оваа прашање. Пред неколку месеци СДСМ го покрена оваа прашање, додека денеска преку писмена реакција Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, обвини дека „на клиниката Козле директорката, Каролина Симоновска, ги тероризира вработените, a Таравари се плаши да ја отпушти.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Од утре времен режим на сообраќај на oваа делница во Македонија

Следно

Бојковска: Нема да има повластени пред законот, секој што сторил криминал ќе одговара

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop