„Козле“ и Таравари со поделени ставови: Дали имало пропусти во лекувањето на 14-месечното дете?

October 15, 2024
1 min read

Имало ли пропусти во лекувањето на 14-месечното дете за кое неколку пати била одбивана хоспитализација на Клиниката за детски болести, по што родителите се упатиле кон „Козле“, но таму состојбата се влошила и било вратено на Клиниката за детски болести и итно хоспитализирано.

По само неколку часа на интензивна нега, детето подлегнало на последиците од бронхопневмонија и починало.

По овој настан, на терен излезе и Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор.

Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите вчера истакна дека докторите сепак направиле превид при проценката за прием и ненавремена проценка на тежината на болеста.

„Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба од хоспитализација при вториот преглед на бебето на клиниката. Додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка на тежината на респираторните потешкотии и третманот“, изјави Таравари.

Сепак, попладнево со соопштение се огласи и Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, од каде изразуваат уверување дека не било направено никакво неправилно постапување или лекување.

„Стручниот колегиум при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата ‘Козле’, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги преземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања и дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи. Не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во Клиниката“, велат од таму.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во ЗОО Скопје почина лавот Жика на 16-годишна возраст

Следно

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Latest from Blog

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop