Ковачки: Градско чекори кон подобра и поуспешна иднина

October 13, 2025
1 min read

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Градско во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Ковачки се осврна на поддршката која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им ја дава на локалните единици, меѓу кои е и општина Градско, и според него, благодарение на тоа партнерство, Градско ќе се развива во модерна општина.

,,Денес сме собрани овде со заедничка цел да покажеме дека Градско не само што оди напред, туку и забрзано чекори кон подобра, посветла и поуспешна иднина. Продолжуваме со промените. Оваа мала општина, со големо срце и уште поголем потенцијал, денес е пример за тоа што може да се постигне кога се има визија, кога се работи и кога има единство. Градско е пример за заедништво, за труд и резултати“, рече Ковачки.

Ковачки се осврна на кандидатот за градоначалник на општина Градско од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека тој е човек кој е на терен помеѓу граѓаните, и кој е секогаш подготвен да делува во интерес на граѓаните.

,, Тој не е градоначалник што управува од далечина тој е на терен, со вас, со вашите радости и предизвици, секогаш подготвен да слушне и да делува. Тука е и во добро и во лошо“, кажа Ковачки.

Ковачки истакна дека зад сите постигнувања стои и силната поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која ја врати довербата во локалните единици. Според него, партнерството помеѓу општина Градско и Владата ќе овозможи да се реазлизираат проекти кои ќе го сменат ликот на општината.

,,Ниту еден успех не доаѓа сам. Зад овие постигнувања стои и силната поддршка од Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Оваа Влада покажа дека општините не се само административни единици, туку живи заедници со свои потреби. Премиерот Мицкоски ја врати довербата во локалната самоуправа, обезбедувајќи поддршка за градоначалниците кои работат и создаваат“, истакна Ковачки и додаде:

,,Благодарение на ова партнерство, во Градско дополнително ќе се реализираат проекти што ќе ја менуваат сликата на општината. Од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка на земјоделието, до инвестиции во локалниот развој и овој резултат ќе биде плод на заедничката работа меѓу градоначалникот, советот и Владата. Значи, за да продолжиме со ова темпо, потребна ни е стабилност, единство и тим кој гледа во иста насока“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На погребот на Халид Бешлиќ присуствуваат над 50.000 луѓе (ВИДЕО)

Следно

Една држава им плаќа 14 илјади евра на граѓаните за да стапат во брак

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Новата финансиска конструкција ќе ја забрза изградбата на пругата кон Бугарија

Владата останува цврсто посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, а во изминатите две години интензивно работи на забрзување на проектите кои биле наследени со застој, како и на започнување нови капитални

Македонската берза со позитивен финиш, промет над 6,3 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,00 поени. Во

Битола добива нов паркинг простор – обезбедени 25 нови паркинг места

Изградбата на нов паркинг простор и реконструкцијата на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола влегуваат во завршна фаза. Денеска се асфалтираше површина од 1.100 квадратни метри, со што проектот е чекор поблиску до

Винисиус ги избриша сите објави од Инстаграм откако Реал му даде понуда

Винисиус Жуниор ги избриша сите содржини од својот Инстаграм профил само неколку часа откако Реал Мадрид наводно му понудил нов, подобрен договор. Тековниот договор на Бразилецот истекува за помалку од една година,

Украина погоди две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата

Погодени биле рафинерии во Јарослав и во Башкортостан. Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот гувернер михаил евраев
Go toTop