Ковачевски: Во наредниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг

December 26, 2023
1 min read

реклама


Доколку ја добиеме честа да ја водиме Владата, во следниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг и тоа не само на именувани и избрани функционери – од премиерот до министрите, па се до царина, судови и обвинителства, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање да искоментира анкета, според која 80 проценти од граѓаните сметаат дека корупцијата е најголем проблем во државата.

-Има еден процес што ќе биде спроведен во државава, а тоа е процес на ветинг на именувани и избрани функционери, меѓутоа можеби треба да се прошири на физички и правни лица. Тој процес Албанија го спроведе. Во нашата држава Владата сакаше да го спроведе, но беше спречена од ЕУ, не знам од кои причини. Меѓутоа нема кој да го спречи тој процес на наредните избори кога повторно ќе ја добиеме честа да ја водиме владата, и во тој процес точно ќе може да се идентификува кој е за унапредување, кој е за доусовршување, а кој не може да извршува одредена фукнција и при тоа ќе бидат опфатени сите, а не само да го имате премиерот и министрите секој ден на телевизија, и секој ден да се гледаат нивните анкетни листови, туку треба да се гледаат на сите – од царина, до судови и обвинителства, вели Ковачевски.

реклама

Според него, факт е дека граѓаните точно знаат да лоцираат што точно треба да се поправи во државата, но исто така, вели, факт е дека и Владата работи на поправање на поправање и унапредување на областите што се важни за граѓаните.

-Знаете кога невработеноста беше една од клучните теми што ги преокупираше граѓаните, Владата со успешни мерки успеа да ја намали невработеноста од 25 проценти на 13 проценти, што подоцна падна на 11 проценти. Кога зборуваме за приходите на граѓаните просечната плата веќе е дојдена на ниво од 39.000 денари. А тоа е значително зголемување, над 50 проценти, во однос на она што беше пред седум години. Пензиите се зголемени за 50 отсто. Студентскиот стандард е унапреден, има оброк за секој студент. Голем број теми се решаваат, посочува тој.

реклама

Во однос на борбата против криминалот, ги посочи податоците на МВР, според кои откривањето на такви дела е зголемено за 50 проценти во изминатите неколку години.

-Само минатата година има над 168 поединци и правни лица кои се идентификувани како сторители на прекршоци од висока корупција и се процесирани до обвинителските и до правосудните органи. И тука доаѓаме до поделбата на власта – не може Владата да ги одговори прашањата кои се во домен на правосудните власти. Последното нешто што треба да се има предвид е Оценската мисија на ЕУ во делот на Судскиот совет и каде што има над 40 препораки што ќе треба да станат дел и од Акцискиот план во делот на владеењето на правото. Сите тие 40 препораки ја имаат мојата поддршка, наведе Ковачевски на прес-конференцијата за за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вработените во Министерството за финансии протестираат пред Уставниот суд

Следно

ПРОЕКТОТ „ПОМЕЃУ НАДЕЖ И СТРАВ“ НА СЛАВИЦА ЈАНЕШЛИЕВА Е МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ НА УМЕТНОСТА 2024

Latest from Blog

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев беше избран за судија во Апелациониот суд. Одлуката е донесена на денешната

Се предлагаат законски измени за статусот на верските училишта кои се антиуставни и спротивни на секуларноста

До редакцијата на Рацин.мк стигнаа коментари од релевантни образовни институции кои реагираат на иницијативата за измени и дополнувања на Законот за средно образование. Според она што е најавено, со оваа иницијатива се

И 41-от обид за конституирање на собранието на Косово заврши неуспешно

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно. Демократскиот сојуз

Швајцарска нуклеарна централа целосно исклучена поради жешко време

Повеќе од 50 години старата швајцарска нуклеарна централа Безнау, лоцирана близу германската граница, го исклучи својот втор реактор поради високите температури. Исклучувањето нема никаква врска со безбедноста на реакторите, туку е поврзано

Една година Министерство за дигитална транформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  одржа брифинг со новинарите по повод една година од формирањето на министерството. Андоновски ги презентираше постигнувањата на министерството во изминатата година, а се презентираа и плановите
Go toTop