Ковачевски: Уставните измени не се последната голема и тешка одлука на патот кон ЕУ

January 30, 2023
1 min read

Уставите измени кои се пред нас, не се последната голема и тешка одлука во однос на одлуките кои следуваат за зачленувањето во ЕУ. Кога ќе  дојде извештајот од скринингот на Поглавјето за владеењето на правото, ние пак ќе имаме закони за кои ќе треба двотретинско мнозинство во однос на унапредувањето на правосудниот и на обвинителскиот систем, но и на многу други области во општеството. Не можеме пред секоја одлука да одиме на избори, како што тоа го бара опозицијата, тоа не е начин, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој на денешната годишна конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со уставните измени уште еднаш потсети дека одговорност на сите политички партии во Собранието и на сите 120 пратеници е да поддржат одлуки кои значат побрзо зачленување на државата во ЕУ.

Ова, како што рече, не е процес на еден човек, ниту е процес на една политичка партија, ниту е процес на една влада, тука ова е процес кој што е неповратен и којшто завршува со членство во ЕУ.

-Не може Мицкоски прво да каже прифаќаме уставни измени, а потоа дека не прифаќаме уставни измени. Потоа да каже дека бара гаранции од пратениците на нотар заверени дека нема да гласаат за уставни измени, за потоа да излезе и да каже дека ако ЕУ даде гаранции ќе поддржат уставни измени, за да на крај каже дека по ниедна цена нема да поддржи уставни измени во време кога ние зборуваме за интеграција на земјата во ЕУ. Нашите граѓани не сакаат блокади. Ја поминав целата држава, никој од граѓаните не кажа дека сака блокирање на европскиот пат. Никој не кажа дека сака блокирано Собрание. Никој не кажа дека сака тензија. Сите сакаат мир, благосостојба и побрзо зачленување на државата во ЕУ, нормално со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет, што и го направивме, додаде Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека пратениците своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, законот и деловникот во Собранието.

-Има една теза што ја заговараат од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратениците немале мандат да гласаат уставни измени. По две основи не е точно. Прво, пратениците работат согласно Устав, Закон и Деловник на Собранието. И тие имаат делегирана одговорност, обврска и прво од граѓаните да ги носат одлуките со кои ги остваруваат целите кои граѓаните ги сакаат. И второ, во 2014 година токму од ВМРО-ДПМНЕ  поднесоа за уставните измени. Значи, пратениците своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, законот и деловникот во Собранието, додаде Ковачевски.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Брисел: Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники

Следно

Стефковски со реакција: Нема да дозволам СДСМ да го закочи брзиот развој на Гази Баба

Latest from Blog

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот

Турскотo МНР упати остра реакција кон Израел за нападот врз бродот „Мадлин“

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Турција објави дека нападот врз бродот „Мадлин“, кој тргна да достави хуманитарна помош во Газа, уште еднаш докажал дека Израел е „терористичка држава“, известува

Хамас: Израелското пресретнување на хуманитарниот брод за Газа е „државен тероризам“

АНКАРА (АА) – Палестинското движење Хамас денес го осуди пресретнувањето на хуманитарниот брод што се движеше кон Појасот Газа, нарекувајќи го чинот „организиран државен тероризам“, јавува Анадолу. Бродот „Мадлин“ под британско знаме

Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл

Во деновите од изминатиот викенд (07./08.06.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни

Фокус: Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ е тајниот сопственик на Агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“

„Фокус“ објави дека новиот осомничен во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, висок функционер во партијата и сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“. „Фокус“ веќе
Go toTop