Ковачевски со честитка за Водици: Празникот да ни е инспирација за добри дела

January 19, 2024
1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Скопје присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

Тој истакна дека значењето на денешниот празник е можност да ја осознаеме безвременска порака дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност.

– Богојавление е голем празник. Денес бевме присутни тука во Скопје, на реката Вардар каде што архиепископот македонски ги освети водите на Вардар, меѓутоа во сите градови низ државата ова е една традиција која секогаш потсетува дека треба да имаме верба во заеднички живот, да веруваме во мир, во соживот. Во тој дух сакам да го честитам празникот на сите наши граѓани и да посакам успешна година, среќен празник, на сите оние кои слават именден да им честитам именден – изјави премиерот Ковачевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Официјален претставник на ОН вели дека Израел малтретира приведени Палестинци

Следно

Опозицијата од САД: Во Македонија нема место за политичари кои гледаат во минатото

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop