Официјален претставник на ОН вели дека Израел малтретира приведени Палестинци

January 19, 2024
1 min read

Претставникот на Обединетите нации (ОН) за човекови права во Газа, Аџит Сунгај, во петокот го обвини Израел за лошо постапување со палестинските затвореници во Газа, пренесува Ројтерс.

Тој пред новинарите во Женева изјави дека сретнал мажи кои биле во израелско заробеништво со недели, каде што „биле тепани со врзани очи, а некои биле пуштени во пелени“.

Според него, Израел приведе илјадници Палестинци за време на воената офанзива во Газа, која уследи по нападот на милитантната организација Хамас (која САД ја прогласија за терористичка организација) на 7 октомври.

„Станува збор за мажи кои израелските безбедносни сили ги задржаа на непознати локации меѓу 30 и 55 дена. Има извештаи за мажи кои потоа биле ослободени, но само во пелени без соодветна облека за студеното време“, им рече Сунгај на новинарите во Женева преку видео врска од Газа.

Израелската армија објави дека во рамките на операциите во Појасот Газа, приведува и испрашува осомничени кои учествувале во милитантни активности, но, не откри за колкав број лица станува збор, пренесува Ројтерс.

Од друга страна, портпаролката на израелската армија изјави дека со затворениците „се постапувало во согласност со меѓународното право“. Таа прецизираше дека Палестинците за кои било утврдено дека не се вмешани се ослободени.

Агенцијата Ројтерс потсетува дека во декември 2023 година, израелската телевизија емитуваше снимка од палестинци соблечени до долна облека во Газа. Сликите, кои исто така кружеа на социјалните мрежи, предизвикаа осуда од палестински, арапски и муслимански официјални лица./RSE/

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Испораките доцнат, цените растат заради нападите врз бродови во Црвеното море

Следно

Ковачевски со честитка за Водици: Празникот да ни е инспирација за добри дела

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop