Ковачевски на средба со Агелер: Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување

August 17, 2023
1 min read

реклама



Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со американската амбасадорка Анџела Агелер, на која беше разговарано за членството на земјава во ЕУ.

„На денешната средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, разговаравме за поддршката од нашиот стратешки партнер САД за европскиот пат на земјата и следните чекори, која е постојана и силна.

реклама

Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца. Пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.

ЕУ е нашата единствена алтернатива.“, напиша на својот профил на „Фејсбук“, Димитар Ковачевски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ливаковиќ пред трансфер во Севилја

Следно

ЕУЛЕКС е загрижен поради оставката на тројца полицајци од редовите на српската заедница на северот на Косово

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop