Ковачевски и се наврте на просечната плата, ќе ја прави 1000 евра, уште да каже како…

1 min read

На поранешниот македонски премиер и актуелен лидер на владеачката партија СДСМ зборот „ЌЕ“ му е многу омилен. Така е во изминативе години откако беше избран за премиер, така и сега откако ја води само партијата. Па, јавноста многупати имаше прилика да слуша како најавува дека „ќе се направи ова, ќе се направи она…“

А така е и сега, кога наближуваат изборите. Власта и опозицијата веќе тргнаа во кампањата во која почна да се ветува ова и она, реално и нерелано, се со цел да се придобијат гласачите за априлско-мајските избори. Па така, нема ден, нема посета, а да лидерот Ковачевски од некаде не се појави со ново ветување. СЕга е фокусиран на платите. Најави дека во текот на идниот четиригодишен мандат, за кој е убеден дека ќе му го дадат македонските граѓани, ќе има значително зголемување на просечните плати на македонските граѓани.

-Со правилни политики, просечната плата од 22.000 денари денес е порасната на 40.000 денари што е историски највисоко ниво споредено со она што беше во 2016 година. Единствено со СДСМ има реален раст на платите, во наредниот мој мандат ќе имаме просечна плата над 1.000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат…, најави неодамна Ковачевски.

При друго митингување пак го изјави истото.

Но, како и врз основа на што ќе се случи ова зголемување на просечната плата, лидерот на СДСМ не кажа детално. Математиката покажува дека за да се оставри ова сегашната просечна плата од околу 645 евра до крајот на неговиот мандат би требала да се зголеми за околу 54 проценти за да стаса до ветените просечни 1.000 евра. Дали е тоа можно и остарливо граѓаните ќе треба да проценат до денот на гласањето за да му ја дадат или не довербата.

Можеби Ковачевски предвид го зема натамошното и ново покачување на платите на македонските функционери по ланското астрономско зголемување од 78 проценти. Па така, заедно со високите плати на одреден помал број на вработени во специфични сектори на стопанството и со малите плати на најголемиот број на вработени кои земаат минималец или малку над него, ќе дојде до просекот од илјада евра?

Јасно дека ваквата „методологија“ не е добра и не ја отсликува реалноста на просечната плата во земјава. Одозгора, прашање е колкава реална куповна моќ произлегува од сега просечната плата од 645 евра, колкава ќе биде на таа од 1.000 евра бидејќи и сега се укажува дека таа значително помалкувреди отколку просечните плати во изминативе години…

Оттаму, малку воздржаност во однос на давањето на ветувањата добро би му дошла на Ковачевски оти како тргнал ќе дојде и до 3.000 евра просечна плата. Не е добро да се повтори гафот од неговите уверувања дека во Македонија се направени 1.300 километри патишта, а во реалноста да ти биле направени само стотина километри.  

Извор: skopskoeho.mk

Претходно

Османи: Нов конкурс за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка, првпат нашата држава ќе има свој кандидат

Следно

Русија вс. САД и Европа, 3 спрема 1

Latest from Blog