Русија вс. САД и Европа, 3 спрема 1

March 12, 2024
1 min read

Русија произведува по 250.000 парчиња артилериска муниција месечно, или околу 3 милиони годишно, додека САД и Европа имаат капацитет да произведат 1,2 милиони парчиња артилериска муниција годишно за да ја испратат во Киев, пренесува Си-ен-ен информација од НАТО разузнавачи.

Американската армија неодамна си зададе за цел до крајот на 2025 да постигне капацитет на производство од 100.000 парчиња артилериска муниција месечно, што и тогаш би било помалку од половина од руското производство. Како што пишува Си-ен-ен и овој план сега е ставен под знак прашање бидејќи Конгресот одбива да го изгласа 60 милијарди долари вредниот пакет за помош на Украина.

Ваквиот сооднос на фронтот резултира со околу 10.000 испукани гранати на ден од руска страна, и само 2.000 на ден од украинска, а според европски разузнавачи на одредени точки на фронтот соодносот е и полош.

Иако САД и сојузниците и испратија на Украина поголем број софистицирано оружје како М-1 тенковите, Патриот одбранбени системи, а наскоро и Ф-16 авиони, Си-ен-ен ги пренесува тврдењата на воени аналитичари дека „војната ќе биде добиена или изгубена врз основа на тоа кој ќе испука повеќе артилериски гранати.“

„Број еден проблемот што го гледаме сега е муницијата, артилериските гранати, бидејќи таму Русија успева да направи значителна предност во производството и да постигне значителна предност на военото поле,“ пренесува Си-ен-ен изјава на НАТО функционер.

НАТО процените се дека руските фабрики вртат 24/7 во две 12-часовни смени, и дека во одбранбениот сектор работат 3,5 милиони Руси, споредено со меѓу 2 и 2,5 од пред војната, а земјата увезува и стотици илјади парчиња муниција, главно од Иран и Северна Кореја.

„Русија става се што има во ова. Нивната воена машинерија работи под полна пареа,“ изјавил НАТО функционерот.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ковачевски и се наврте на просечната плата, ќе ја прави 1000 евра, уште да каже како…

Следно

Во израелско бомбардирање: Убиен познат палестински фудбалер

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop