Костова: ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале политика волја да ги покачуваат платите и животниот стандард

February 14, 2025
1 min read

Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Клан дебата“ на Клан телевизија истакна дека бајковит приказ на состојбите постои само во соопштенијата на владеачката партија.

💬 Во реалноста граѓаните се затекнати од ценовно цунами, коешто ја потопува куповната моќ и шансите за минимум пристоен живот на граѓаните. Цените вртоглаво растат, животниот стандард на граѓаните драстично паѓа, платите не се покачуваат, гледаме дека тоа е така со месеци и нема ниту најава, Мицкоски се иззема од процесот на преговори помеѓу работодавачите и синдиактите иако е негова можеби основна обврска како премиер тој да биде главен медијатор и да покаже политичка волја за покачување на платите, рече Костова, додавајќи дека Мицкоски седи со скрстени раце, се иззема од секоја лична и работна одговорност и им вели на граѓаните да ги следат цените на интернет, а притоа не помага никако да се намалат цените, тој е директен соучесник во покачувањето на цените.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДСМ

Следно

Пандов: Има затворски полицајци коишто работат во затворот Шутка кои не треба да носат полициска униформа, го срамат затворскиот систем!

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop