Костов во СТУДИО 10: За избор на претседател ќе решаваат гласовите на отпаднатите кандидати

April 4, 2024
2 mins read

Чуден но интересен беше дуаелот меѓу експремиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски во дуелот изнесуваше конкретни податоци, но Ковачевски одбиваше да ги види. Планот што го изнесуваше Ковачевски за Македонија за мене беше чудно што не бил спроведен досега од него како лидер на Владата. Кога ќе го споредам овој дуел со дуелот на Георгиевски-Црвенковски би рекол дека тоа беше стандард на дуел по кој започнаа промените. Сите три претходни дуели на Заев со Мицкоски беа подобри од овој. Ковачевски едноставно не се снаоѓа во ваков вид комуникација. Среќна околност е што подмладокот на партиите умеат на позитивен и  конструктивен начин да дебатираат што го гледав подоцна во еден подкаст. Младите покажаа дека може да се дискутира без навреди, а другата страна да не се гледа низ нишан. Исклучивоста и безалтернативноста на Ковачевски не водат никаде. Но, на крајот битни се гласачите и тие ќе го дадат својот конечен збор, вели политичкиот аналитичар Сотир Костов во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Очигледно не очекува голема борба во претседателската предизборна кампања. Не сум задоволен од атмосферата. До пред три дена се менуваше Изборниот законик но не според препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Освен тоа, ДИК се комплетираше дури минатата недела. Трето, имаме црна кампања иако самите кандидати се уште не влегле во тоа ниво. Говорот на омраза е многу присутен на социјалните мрежи оти таму е најлесно да се плука по луѓето. Сите овие политичари, претседателски кандидати се луѓе од кариера и тоа треба да се почитува без оглед на крајните резултати. За жал, кај нас се загуби категоријата независен претседател, сите се партиски, – вели Костов.

Костов коментира дека големите партии лесно се договараат кога нешто е во нивна полза, како во случајот со Изборниот законик, па ние се уште немаме една изборна единица. Тој додава дека не може едни исти да влијаат врз државата туку мора да дозволиме и граѓанскиот сектор да има простор да каже за социјален прогрес и демократија. Костов додава дека е штета што дијаспората не учествува во изборите и тоа го смета за неправда.

– За очекување е во година кога се одржуваат заедно, претседателските избори да влијаат врз парламентарните. Но, таа битка се води и под нееднакви услови. На пример, Стевчо Јакимовски се најде на црна листа прекуноќ, а Максим Димитриевски беше изведен пред суд, што требало или да се направи порано или да се почека по изборите. Сите сме концентрираме на Пендаровски и Давкова Силјановска, но вториот круг ќе зависи од тоа колку гласови ќе освојат другите кандидати. Тоа е голем квантум на гласови и не мора да значи дека победата на кандидатот ќе зависи од албанските гласови, вели Костов.

Костов вели дека за жал ние сме поделено општество, па овој пат нема да бидат пресудни гласовите од албанските гласачи, а причината за тоа е што сите се мобилизирани за избори поради што очекува да имаме успешни претседателски избори.

Во однос на одѕивот на претседателските избори, Костов вели дека има 1,3 милиони гласачко тело присутно во земјата, па ако излезат на гласање 800-900 илјади гласачи, тоа не е мал квантум на гласови, иако изборниот законик калкулира со запишаните гласачи.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стотици илјади лица во САД останаа без електрична енергија поради силно невреме

Следно

Вучиќ: Уапсени две лица кои признале дека ја убиле Данка Илиќ

Latest from Blog

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи
Go toTop