Костадинов во Аргумент плус: Профитот на компаниите е поголем поради зголемениот обем на потрошувачка

February 24, 2025
1 min read

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Ромео Костадинов во Аргумент плус рече дека анализата која ја направил Сојузот покажала дека профитните маржи не се покачени туку е зголемен обемот на потрошувачка.

„Анализата требаше да даде одговор кој е причинителот за растот на цените. Во тој поглед анализата покажа дека профитните маржи не се покачени  туку покачен е обртот, вкупниот приход не е цел на покачена маржа тоа е зголемен обем на потрошувачка што значи некој друг е креатор на тој двигател. Во тие улсови на Ковид и војната во Укрина се нарушија пазарните законитости кои допринесоа да имаме зголемување и на набавната цена која се покачи и во Европа. Профитната маржа не бележи осетно зголемување. Имаме потрошувачка која е произлезена од други активности кои треба да се испитаат“, рече Костадинов.

Тој објасни дека со покачувањето на реагенсите и суровините нормално е да се покачат и цените.

„Прво се покачија реагенсите, кога се покачени тие нормално е и цената да се покачи. Се покачија суровините кои влијаат во цената, не е само енергијата тука е и недостатокот на работна сила, покачување на платите. Платите влијаат на потрошувачката.  Обемот на поторшувачка се зголеми, профитната маржа остана иста. Профитот е поголем, маржата е иста профитот е зголемен како резултат на зголемен промет“, додаде Костадинов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Само Туркије и нејзиното членство во ЕУ може да ја спаси Европа од ќорсокакот во економијата и одбраната

Следно

ДКСК: “Договорени“ партиски вработувања во администрацијата генерираат ризици од корупција

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop