Косовската Влада смета дека задржувањето на мерките на ЕУ во сила е бесмислено: Треба веднаш да се укинат

August 22, 2024
1 min read

Владата на Косово вели дека е бесмислено да се задржат казнените мерки на Европската унија против Косово и покрај позитивната препорака на високиот претставник на Унијата, Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Клисман Кадиу, советник на првиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими, рече дека „мерките се неправедни од првиот ден“ и треба веднаш и целосно да се укинат.

„Одржување на овие мерки во сила и покрај позитивната препорака од високиот претставник на ЕУ, г. Жозеп Борел е веќе бесмислено. Беше писмото на г. Борел од 3 јуни 2023 година, тоа што ги постави условите за воведување мерки против Косово, кои следеа по договорот од Братислава. Сега самиот висок претставник Борел, кој првично ги предложи, пред повеќе од еден месец заклучи дека сите услови се исполнети и мерките треба да се укинат. Бидејќи е констатирано дека се исполнети условите, нема потреба од постепено отстранување, а уште помалку за нивно одржување, туку потребно е целосно и еднократно отстранување на мерките“, изјави Кадиу за РТВ21.

Ден претходно, портпаролот на ЕУ, Петер Стано изјави дека продолжуваат дискусиите на земјите-членки на ЕУ во Советот за извештајот на високиот претставник, за исполнувањето на барањата на ЕУ од Косово, повикувајќи ги притоа косовските власти да се воздржат од еднострани и некоординирани чекори.

Мерките против Косово беа донесени во јуни минатата година по тензиите во северниот дел на Косово, населен со српско мнозинство, во времето кога избраните градоначалници Албанци, откако косовските Срби ги бојкотираа изборите, влегоа во канцелариите во четирите општини на север со поддршка на косовската полиција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извлечени групите за Светското Клупско ракометно првенство

Следно

Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска, но смета дека тоа нема ништо да смени

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop