Косовската влада негира дека стои зад лажната вест за смена на Ескобар од емисар на САД за Западен Балкан

May 9, 2024
1 min read

Владата на Косово демантира дека веста за престанок на мандатот на американскиот емисар за Западен Балкан, Габриел Ескобар потекнува од неа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одговорот на косовската влада, даден за радиото Глас на Америка, уследи откако самиот Ескобар денеска изјави дека одредени дезинформации за него се појавиле набргу откако тој комуницирал со Владата на Косово, за да разговара за неговиот премин на друга задача во американскиот Стејт департментот по завршувањето на неговиот актуелен мандат.

-Немаме никаков контакт со дотичниот новинар, со кој не делиме став за неговите тврдења за емисарот Ескобар, се вели во владиниот одговор, откако Ескобар изјави дека написите за неговото „разрешување“ се „дезинформации“ произведени од извесен „таканаречен новинар“.

Извештаите, појасни американскиот емисар, уследиле откако тој контактирал со владите во регионот за да разговараат за неговото префрлање на друга работа во Стејт Департментот по завршувањето на неговиот мандат.

-Овој извештај излезе набргу откако комуницирав со владата на Косово… Сакам директно да кажам дека сé во тој извештај е лага и докажлива лага, рече Ескобар.

Во одговорот што пред неколку дена го даде американскиот Стејт департмент за приштинскиот медиум “Газета експрес“ беше потврдено дека заменикот државен секретар и емисар за Западен Балкан, Ескобар, кој три години работеше како дипломат од кариера во Службата за надворешни работи, се очекува да преземе нова функција во наредните недели.

Стејт департментот ги негира тврдењата објавени на една веб-страница, квалификувајќи ги како лажни, и потврди дека Ескобар не бил разрешен од функцијата, туку едноставно, „како и сите функционери од кариера кои се дел од Службата за надворешни работи, ќе ја смени својата функција по пат на ротација, на секои четири години, како редовна практика“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сè ќе ви оди од рака: Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Следно

Жозе Мурињо во нова реклама на „Туркиш ерлајнс“ по повод финалето на Лигата на шампиони

Latest from Blog

Божиновска: Зелената транзиција клучна за иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беа разгледани клучните енергетски проекти во државата. Како што

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното
Go toTop