Косовската претседателка не е консултирана и не се согласува со писмото на Владата до СЕ во врска со ЗСО

May 16, 2024
1 min read

Кабинетот на косовската претседателка, Вјоса Османи соопшти дека писмото на Владата, испратено вчера до Советот на Европа, со кое се најавува подготовка на нацрт-статут за Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) од страна на косовската Влада, не било изготвено и испратено во консултација со претседателката и дека таа со истото не се согласува, јави дописникот на МИА од Приштина.

Беким Купина, советник за медиуми при Претседателството, преку соопштение за јавноста наведува дека „каков било дериват од прелиминарното писмо за намери потпишано од трите институции“ – претседателката Османи, собранискиот спикер Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти, во однос на намерата за создавање на ЗСО, мора да биде координиран и одобрен од трите институции.

„Претседателката Османи поддржува само позиции и дејствија претходно консултирани, координирани и договорени со институцијата Претседател како уставна институција со јасни овластувања во областа на надворешната политика и како чувар на уставното функционирање на институциите. Ова писмо не е такво. Можеби е консултирано и координирано со поединци надвор од институциите кои денеска го објавија овој допис, но не и со Претседателката“, посочи советникот на Османи, Купина.

Во неговото соопштение се наведува дека претседателката Османи ќе поддржи секаква акција во насока на остварување на членството, во целосна согласност со државните интереси и Уставот на Република Косово.

„Затоа се прават напори да се убедат земјите членки што поскоро да свикаат вонредна седница на која ќе гласаат за членство на Косово во оваа организација (СЕ)“, наведе Купина.

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала на денешната прес-конференција беше прашана дали писмото што го испрати до Советот е однапред договорено со Османи, но не даде конкретен одговор, туку само кратко рече дека се координирала „со сите институции“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тен Хаг им се заблагодари на навивачите: Ќе дадеме се од себе за да го освоиме ФА Купот

Следно

Ѓорчев за ТВ 24: Македонија требаше да ги гледа своите национални интереси

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop