Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил

May 20, 2025
1 min read

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово забрани увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради појава на птичји грип.

Привремената забрана стапува во сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во бразилската сојузна држава Рио Гранде. Агенцијата наведува дека бразилските власти за појавата на птичји грип јавиле на 16 мај.

– Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест, која првенствено ги погодува птиците и, во ретки случаи, може да се пренесе на луѓето. Иако нема докази што укажуваат дека консумирањето на живинско месо или јајца го пренесува вирусот, забраната за увоз е превентивна мерка за да се обезбеди безбедност на храната за нашите граѓани, се наведува во соопштението на косовската Агенција за храна и ветеринарство.

Агенцијата посочува дека одлука е во согласност со меѓународните практики и ги следи постапките на други земји, вклучувајќи ја Европска Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на пилешко месо од Бразил откако беше потврдена епидемијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руте: Мислам дека е позитивно тоа што Трамп почна да отвора канали за комуникација со Путин

Следно

Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари – ССМ бара зголемување на платите

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop