Косово: Конститутивна седница на новиот состав на Парламентот

April 15, 2025
1 min read

Косовското Собрание денеска ќе ја одржи својата конститутивна седница по парламентарните избори одржани на 9 февруари, јави весникот Коха диторе.

На седницата ќе бидат избрани претседател на Парламентот и петмина потпретседатели. Седницата ќе ја водат најстариот и најмладиот пратеник.

Претседателот на Собранието е на предлог од најголемата парламентарна група, а за негов избор е потребно просто мнозинство од 61 пратеник во 120-члениот законодавен дом.

Тројца потпретседатели ќе бидат избрани од трите најголеми парламентарни групи, додека другите двајца ќе бидат претставници на малцинските заедници. Сите петмина мора да бидат изгласани со мнозинство гласови.

По изборот на раководството на Парламентот, ќе започне постапката за формирање на нова влада. Според косовскиот устав, претседателот на државата го предлага мандатарот во консултација со партијата или коалицијата што освоила мнозинство.

На изборите најмногу мандати – 48, освои владејачкото левичарско-националистичко Движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти. По него следуваат: Демократската партија на Косово (ДПК) со 24, Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) со 20 и коалицијата АБК–ИНИЦИЈАТИВА на Рамуш Харадинај со 8 пратеници.

Во косовскиот парламент 20 места се резервирани за малцинските заедници – Срби, Турци, Бошњаци, Роми, Ашкали, Египќани и Горани – без оглед дали го поминуваат изборниот праг од 5 проценти. Од нив, 10 мандати се наменети за српската заедница.

Најголемата партија на косовските Срби – „Српска листа“ – доби 9 мандати, а последниот, десеттиот, го освои граѓанската иницијатива „За слобода, правда и опстанок“ (GI SPO) на министерот за заедници Ненад Рашиќ.

Резултатите покажуваат дека ниту една партија нема самостојно мнозинство за формирање влада, па се очекува коалициски договор за составување на новиот кабинет, јави Радио Слободна Европа – албанска редакција.  (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Американски државјанин осуден на психијатриско лекување во Русија

Следно

Од петок до 10 часот наутро – сите цени во маркетите и аптеките мора да бидат ажурирани

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop