Кордалов во Аргумент плус: Во денешно време војната со информациите и дезинформациите е поголема за разлика од минатото

March 6, 2025
1 min read

Комуникологот Бојан Кордалов во Аргумент плус рече дека во денешно време војната со
информациите и дезинформациите е поголема за разлика од минатото. Според него,
информациите брзо патуваат низ светот и на таков начин помагаат да се креираат
мислења за одредени теми.

„Апсолутно нешто што е дел од војна е војната со информациите и дезинформациите
бидејќи сега и војните се водат преку информациите и разликата од порано до сега е во
тоа што сега може информацијата да го пропатува Светот и затоа сведочиме на многу
информации и дезинформации. Со новите технологии најважно е да се заштитени луѓето,
нивните права и одговорностите за да имаме добар свет инаку вештачката интелигенција
и менувањето на информациите кој се шират наоклу може да наштетат. Инвестиции во
новите технологии не прават само САД, туку и ЕУ и Кина. Војната е сега кој ќе инвестира
повеќе и ќе биде прв во новите технологии“, рече Кордалов.

Тој зборуваше и за тоа дека Макеоднија е потребно да ги следи светските чекори и да
вложува во новите технологии.

„Трамп најави 500 милјари инвестиција во вештачка интелигенција и без регулација не
мислам дека ќе се изведе. Во ЕУ овие акти кои се на сила се нешто ново и нешто кое се
развива. Оваа тема е главна и во ЕУ и во САД а кај нас не е, кај нас уште се дебатира за
стари теми додека за овие теми со кои би можеле да имаме развој никаде ги нема. Мора
да вложуваме и во регулација за нови технологии но и во компании. Дали ќе дојде овие
нови технологии да владеат во светот, јас верувам во чек балансот на системот во САД.
Не велам дека ќе нема предизвици. Разликата меѓу нас и САД е тоа што ние не ги
положуваме тие предизвици“, додаде Кордалов.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Специјалниот претставник на Кина за Европа: „САД и Русија не треба сами да одлучуваат за мирот во Украина“

Следно

Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop