Конзервативниот лидер Мерц прогласи победа на парламентарните избори во Германија

February 23, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот опозициски лидер Фридрих Мерц прогласи победа откако неговите демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) освоија речиси 29 отсто од гласовите на федералните избори одржани денес, обезбедувајќи јасно водство пред останатите партии, јавува Анадолу.

„Победивме на овие избори“, им рече Мерц на партиските членови за време на славеничкиот говор во партиското седиште и ги повика своите политички ривали да ја надминат жестоката изборна кампања.

„Светот не нѐ чека нас, и не чека долги коалициски разговори. Сега мора брзо да ја вратиме нашата способност за дејствување“, рече конзервативниот лидер. Мерц истакна дека брзото формирање стабилна коалициска влада е клучно за решавање на домашните предизвици, зајакнување на позицијата на Германија во Европа и обновата на меѓународната доверба.

Последните проекции на јавниот радиодифузен сервис АРД покажуваат дека демохристијаните освојуваат 28,8 отсто од гласовите, што е раст од 24-те проценти освоени на претходните федерални избори во 2021 година. Сепак, сојузот на конзервативците ЦДУ/ЦСУ не го доби апсолутното мнозинство потребно за самостојно владеење.

Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц се соочи со историски пораз на изборите, на кои освојува 16,2 отсто – најнизок број гласови за партијата на левиот центар од 1949 година.

Крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) и се очекуваше да го постигне својот најдобар резултат досега на федералните избори, 20,3 отсто. Со речиси двојно зголемување на освоените гласови во споредба со претходните избори, таа стана втората најмоќна политичка сила во земјата.

Зелената партија на министерката за надворешни работи Аналена Баербок освојува 12,7 отсто од гласовите, со пад од 2 отсто во споредба со претходните избори во 2021 година. Социјалистичката партија Левица го направи најголемото изненадување на изборите, освојувајќи 8,5 отсто од гласовите. Поддршката на партијата се зголеми од 3 отсто во анкетите пред три месеци, зајакната со нејзината кампања која ветуваше построго спротивставување на подемот на АфД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ и ГОБ „8-ми септември“: Утре заедничка прес конференција на Мицкоски и Николоски

Следно

Петмина обвинети за насилство на протестот на „Преродба“ во Софија

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop