Концертот насловен „Фидан“ на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева вечерва во Филхармонија

June 6, 2023
1 min read

Во вторник (6 јуни) со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Фидан“ на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева. На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахмањинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо.

Рециталот започнува со прекрасната мелодија на Баховата Кантата бр. 106 и продолжува со „Six Morceaux“ на Рахмањинов, збирка извонредни парчиња за четирирачно пијано. Следува „Adios Nonino“ од Пјацола, а мелодијата продолжува да го обликува својот пат низ пасажите на „Danse Macabre“ од Сен-Санс и транскрипцијата на Дебиси за две пијана на „Introduction et Rondo capriccioso“ од Сен-Санс. Во програмата е вклучена и изведбата на фантастичната композиција „Scaramouche“ од Дариус Мијо. Со трите ставови на „Scaramouche“, секој со свој посебен карактер, публиката ќе има можност да ја доживее интригантната енергија на првиот став до нежните и интроспективни мелодии на вториот и конечно да кулминира во раскошното финале нареченo „Бразилеира“.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал на конзерваториумот „Јана Дејла“ во Прага, настапуваат и на фестивалите „Concerti del Tempietto“ и „Les Dimanches Musicaux“  во Рим и Париз како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен „Есенска Бајка“. Од 2019 година реализираат новогодишни концерти со наслов „Празнична Рапсодија“.

Пијанистката Мимоза Ќека, се истакнува како рециталист и камерен музичар со своите бројни концерти во земјата и странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, a во 2021 година се стекнува со титулата Доктор по музичка уметност. Настапува во многу европски градови вклучувајќи ги Париз, Рим, Бристол, Милано, Трст, Сиена, Прага… Во 2022 го објавува соло албумот „Non-Fungible“ и одржува солистички рецитал во „Gallery MC“ во Њујорк, САД.

Јована Трајчева своето основно музичко образование го завршува во класата на реномираниот педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј”. Во 2015 година дипломира, a во 2017 магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова. Бележи успешни настапи на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „Musica Viva“, „Есенски музички свечености“. Одржала повеќе солистички рецитали во градови низ земјата, а како позначаен ќе се спомене рециталот во црквата „Св. Софија“ во Охрид 2017 година. Пијанистката Трајчева настапува на фестивали во Рим, Ибица, Милано, како и во Cite des Arts во Париз, а настапува и со оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Јована Трајчева е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гол: Меси бара од Ал Хилал да го одложи трансферот до 2024 година

Следно

Шампионите на Москва

Latest from Blog

Чаир доби 100 нови контејнери, продолжува унапредувањето на јавната хигиена

Општина Чаир продолжува со инвестициите за подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денеска, на територијата на општината започна поставувањето на 100 нови контејнери на локации каде што потребата е најголема,

Коњановски: Со 4,8 милиони денари ќе се набавуваат електрични велосипеди за граѓаните

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични

Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната

Проданоски: Безбедноста на граѓаните е наш приоритет – почнува поставувањето на „легнати полицајци“

Општина Прилеп започна со реализација на проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот, познати како „легнати полицајци“, на околу 20 локации низ градот и населените места каде што е утврдена
Go toTop