Концертот на Симон Трпчевски во Будимпешта поздравен со стоечки овации

October 23, 2024
1 min read

Концертот на Симон Трпчевски во Будимпешта поздраве со стоечки овации. Симон Трпчески настапи со Симфонискиот оркестар на унгарското радио, под диригентската палка на италијанскиот диригент Рикардо Фрица. Тој го изведе Концертот за пијано и оркестар број 2 од Јоханес Брамс во првиот дел од вечерта, во свечената сала на музичката академија „Франц Лист“.

„Се чувствувам прекрасно. Имав голема одговорност за оваа вечер, сепак ова е едно од најсложените дела во творештвото на Јоханес Брамс, концертот број 2. Имав чест да го изведувам токму во градот каде што беше и светската премиера на ова дело. Будимпешта толку многу зрачи со уметност, да не кажам со музика од секој агол, но и воопшто Унгарија е една земја со богата култура и историја“, рече Трпчески.

Тој за прв пат настапи со оркестарот на Унгарското радио и тоа на покана на диригентот Рикардо Фрица од Италија, со кој веќе имаат настапувано заедно.

„Трпчески не е само пијанист, тој е пред се мој пријател, се знаеме многу години и настапувавме заедно. Многу е лесно за мене да соработувам со него бидејќи имаме иста страст кон музиката, имаме совршена музичка комуникација. Се надевам ќе имаме уште многу заеднички концерти“, истакна диригентот.

„Трпчески свиреше одлично, неговата изведба е виртуозна. Го претстави на вистински начин делото на Брамс. Со пијанистот имаме план за македонско унгарска соработка во иднина, како концерт на камерна музика“, оцени концерт мајсторот на Симфонискиот оркестар на унгарското радио.

На крајот на својот настап, Трпчески и подари на публиката македонска композиција.

„Изведов дел од Македонисимо, поточно „Пиперковото оро“. Секогаш сакам да презентирам нешто наше, заради тоа што сум горд на она што го имаме, како ризница, богатство, фолклорно, како земја, како Македонија.  На концертот во Будимпешта публиката имаше можност да слушне унгарска народна музика преку ‘Концертот’ на Брамс, така што направив една поврзаност, и изведов и македонска композиција“, рече Трпчевски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија го слави Денот на македонската револуционерна борба

Следно

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика: Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,25 п.п. 

Latest from Blog

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме
Go toTop