Концерт на „Николов-Ивановиќ Ундектет“ утре во Филхармонија

December 11, 2023
1 min read

Во вторник, со почеток во 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија концерт ќе одржи ансамблот „Николов- Ивановиќ Ундектет“. Врската помеѓу традицијата и модерното, „старите добри“ времиња и современиот

пристап кон музиката, е пресвртница на целата сегашна и идна џез-сцена. Дали постои златна средина, основа на која се среќаваат и коегзистираат овие две, навидум спротивставени тенденции? Единаесетчлениот бенд на композиторот Владимир Николов и тапанарот Срѓан Ивановиќ, се обидува да даде одговор на токму на ова прашање. Двајца балкански музичари со респектабилна интернационална кариера се вистинскиот избор за ваков експеримент. Додека Николов е истакнат во својата работа како аранжер и композитор со светски оркестри и ансамбли, Ивановиќ е нешто поактивен во помали формации. Публиката го познава како лидер на бендот Blazin’ Quartet, претставувајќи ја оригиналната визија за приклучување кон модерниот европски џез со балкански влијанија. Угледниот Jazz Times овој ансамбл го вброи меѓу најкреативните големи џез-ансамбли во Европа. Оркестарот е составен од внимателна селекција на музичари од помладата и средната генерација од балканскиот регион, измешани со уште помлади сили од Франција – во модерен џез-ансамбл.

Нивниот трет албум „Дистопија“ е нова приказна со девет авторски композиции, кои обработуваат социјални и протестни теми. Овој албум ќе биде издаден во Србија и во земјите на поранешна Југославија во декември 2023 година, а во остатокот од светот – во 2024 година. Првиот сингл од овој албум, „Scream“, веќе е објавен на Јутјуб. Концертот во Скопје, на 12 декември, е дел од промотивната турнеја на новиот албум на „Николов-Ивановиќ Ундектет“.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завршува полугодието, учениците без учебници – образовните институции си ја префрлаат вината меѓусебно

Следно

Ковачевски: Лидери сме во регионот за енергетска транзиција, го следиме патот на ЕУ за Зелената агенда

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop