Континуирано намалување на бројот на новородени во Грција

October 3, 2025
1 min read

Во 2024 година во Грција биле родени 68.467 деца што претставува пад од 4,2 отсто во однос на една година претходно, а воедно е и најниска бројка од 1932 година, според демографските податоци од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објавените податоци за периодот од 1932 до 2024 година, во последните неколку години се забележува континуиран пад на наталитетот, а негативна е разликата меѓу бројот на раѓања и смртни случаи.

Бројот на починати во Грција во минатата година бил 126.916, намален за 0,9 отсто во споредба со лани.

Во изминатите десет години бројот на новороденчиња е под 100.000 годишна, а бројот смртни случаи бил повисок од бројот на родени што не е случај во периодот од 1932 до 2010 година.

Дополнително, во демографските податоци се вклучени и браковите-намалени за 9,2 отсто и разводите – зголемени за 2,8 проценти споредбено со 2023 година.

Поконкретно, на секои 100 склучени бракови се евидентирани 42,4 разводи во 2024 година, наспроти 37,5 во 2023, 33,4 во 2022, 34,2 во 2021 и 41,2 во 2020 година. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не е за изненадување: Нема да има билети во слободна продажба за мечот Србија – Албанија!

Следно

Психолоџи Тудеј: Шахот како начин за проучување на преголема самодоверба

Latest from Blog

Николоски на средба со европратеници: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија биле во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт и

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна
Go toTop