Консеисао: Не можев да му кажам не на Милан

December 31, 2024
1 min read

„Интензивно го живеам фудбалот и сè околу него, па сакам и моите играчи и навивачите да бидат такви, изјави вечерва 50-годишниот португалски стратег Серџо Консеисао на официјалната промоција во нов тренер на Милан.

Консеисао потпиша договор со италијанскиот гигант до крајот на јуни 2026 година и на клупата го замени сонародникот Пауло Фонсека.

Милан е осмопласиран на табелата во Серија А, додека во Лигата на шампионите е на 12. место со четири победи и два порази.

„Со Милан сè се случи многу брзо, а јас не можев да му кажам не на еден од најдобрите клубови во светот. Тренерската работа е стресна и морам да признаам дека веќе го почувствував стресот во Милано. Но, тоа е сосема во ред, не можам да барам ништо друго. Ќе имаме време да разговараме за детали, за промена на системот, динамиката и сè останато“, додаде Консеисао, чиј последен ангажман беше на клупата на Порто на која седеше од 2017 до оваа година.

Дебито на Консеиао на клупата на Милан ќе биде на гостувањето кај големиот ривал Јувентус на 3 јануари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Струмичанец попладнево загина во пожар

Следно

Скопје во 2024

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop