Конфликтот во Украина е конфронтација меѓу Русија и НАТО, а не судир меѓу Москва и Киев, вели секретарот на рускиот совет за безбедност

January 10, 2023
1 min read

Плановите на западните земји се да продолжат да ја распаѓаат Русија и на крајот да ја избришат од политичката карта на светот. Соочени со новите воени закани, за нас е важно да имаме такви вооружени сили и специјални служби, така што руските противници да не можат ниту да помислат дека можат да се борат против нас, изјавил Николај Петрушев, секретар на рускиот совет за безбедност и близок сојузник на Путин за весникот „Аргументи и факти“

Блискиот сојузник на Владимир Путин, секретарот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, денеска изјавил дека конфликтот во Украина е воена конфронтација меѓу Русија и НАТО.

„Настаните во Украина не се судир меѓу Москва и Киев – ова е воена конфронтација меѓу Русија и НАТО, а пред сè со САД и Британија“,

изјавил Патрушев за весникот „Аргументи и факти“.

Николај Петрушев, секретар на советот за безбедност на Русија се ракува со рускиот претседател Владимир Путин / Фото: Википедија

Патрушев вели дека Западот се обидува да ја расцепи Русија, пренесува Ројтерс.

„Плановите на западните земји се да продолжат да ја распаѓаат Русија и на крајот да ја избришат од политичката карта на светот“,

рекол тој.

„Соочени со новите воени закани, за нас е важно да имаме такви вооружени сили и специјални служби, така што руските противници да не можат ниту да помислат дека можат да се борат против нас“,

додал Петрушев.

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руски воен брод вооружен со хиперсонично крстосувачко оружје одржал вежби во Норвешкото Море, јави Ројтерс.

„Екипажот на фрегатата `Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков` изведе вежба за воздушна одбрана во Норвешкото Море. Екипажот… спроведе вежба за одбивање средства за воздушен напад на симулиран непријател во Норвешкото Море“,

соопшти Министерството.

Минатата недела, потсетува новинската агенција, рускиот претседател Владимир Путин ја испрати фрегатата во Атлантскиот Океан вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети од новата генерација, што е сигнал до Западот дека Русија нема да отстапи поради војната во Украина.

Фрегатата е вооружена со ракети од типот „циркон“ за кои Русија вели дека летаат со брзина девет пати поголема брзина од звукот и имаат домет од над 1 000 километри.

Русија го гледа оружјето како начин за пробивање на се пософистицираната американска ракетна одбрана за која Путин предупреди дека еден ден може да ги собори руските нуклеарни проектили.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев минатата недела ги предупреди САД дека хиперсоничните ракети наскоро ќе бидат блиску до бреговите на НАТО.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Д-р Беќаровски со совет: Против загадувањето подобро ставете нова хируршка маска од 2 денари, отколку…

Следно

Дождот и ветрот само навидум го „исчистија“ воздухот во Скопје – еве на кое место во светот се наоѓа денес нашиот главен град (ФОТО)

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop