Конфискуваниот имот на Мијалков оди на лицитација

July 4, 2023
2 mins read

Проценката на недвижниот имот конфискуван од Сашо Мијалков во предметот „Империја“, на што работеа Агенцијата за управување со одземен имот и Бирото за судски вештачења, заврши кон крајот на февруари годинава

„360 степени“ тогаш објави дека станува збор за запленет имот со двојно помала проценета вредност, за разлика од тоа што првично соопшти Обвинителството дека вреди она што му се одзема на Мијалков, во спогодбата со која призна вина и доби три години затвор

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Недвижниот имот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, конфискуван со спогодбата за случајот „Империја“, наскоро оди на лицитација, соопшти Агенцијата за управување со одземен имот.

Информацијата е објавена во Извештајот по повод сто дена од работата на новиот директор на Агенцијата, Дритон Небиу. Се очекува извршување и на пресудите за случаите „Труст“ и за „Бачило“.

„За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација, веднаш преземав иницијативи со дадена поддршка и соработка од министерот за правда, г-дин Кренар Лога, и преземавме активности за нивно обелоденување и што поскоро нивно извршување.

Имено, станува збор за:

1. Случајот Империја во врска со имотот на Сашо Мијалков;

2. Случајот Труст или познат меѓу народот како Трансмет;

3. Случај Бачило или познат како Иснифарис Џемаили.

Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата“,

се вели во Извештајот.

Актуелниот директор, Небиу, во изјава за ТВ 21 вели дека вредноста на запленетиот имот на Сашо Мијалков е околу 14 милиони, или попрецизно 14 144 000 евра.

„Одлуката за да ги ставиме на продажба акциите на Сашо Мијалков помина, нешто што со години не се случувало во оваа Агенција, не знам од кои причини!? Останатите одземени имоти на Сашо Мијалков изнесуваат 14 144 000 евра, односно станови, градежно земјиште и недвижен имот, а сме во завршна фаза на постапката за недвижниот имот лоциран на Гевгелија и недвижен имот во Вила Водно, колку што се сеќавам, сме во завршна фаза, ги помина сите филтри во институцијата, во Владата и очекуваме дека наскоро, овие денови, и тоа земјиште ќе го пуштиме на продажба“,

изјави тој за ТВ 21.

И најновата сума што ја соопшти директорот е двојно помала од првичната која ја најави Обвинителството во времето на Вилма Русковска.

Проценката на недвижниот имот конфискуван од Мијалков, на што работеа Агенцијата за управување со одземен имот и Бирото за судски вештачења заврши кон крајот на февруари годинава.

Тогаш „360 степени“ врз основа на официјални податоци од Агенцијата, објави дека станува збор за имот со проценета вредност од околу 15 милиони евра, што не е ни приближно блиску до 30 милиони, колку што првично соопшти Обвинителството дека вреди она што му се одзема на Мијалков во спогодбата со која призна вина.

Тогаш објавивме и дека покрај недвижниот имот, на Мијалков му се одземени и 350 илјади евра во акции и околу 6,1 милиони евра готовина.

Планот на Агенцијата за управување со одземен имот е конфискуваното од Мијалков да почне да се продава, а парите да одат во државната каса.

Разликата е што наместо најавените 30 милиони, приливот од недвижниот имот ќе биде двојно помал.

Инаку, случајот „Империја“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство уште во 2018 година, за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во истрагата беа опфатени 19 лица, но дел од нив во меѓувреме признаа вина и се спогодија со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за дел постапката беше прекината поради застарување, а за дел имаше решенија за запирање на постапката.

Спогодба постигнаа седуммина, меѓу кои најзвучни се имињата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.

Покрај запленетите имот, акции и готовина, Мијалков доби и тригодишна казна за случајот „Империја“.

Пред да биде упатен на издржување на казната, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи да оди во затворот во Струга кој е од отворен тип.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Невреме во западна Србија, поплавени улици и објекти

Следно

„Вашингтон пост“: Тајната служба пронашла кокаин во Белата куќа

Latest from Blog

Челси месец дена без Рис Џејмс

Англискиот премиерлигаш Челзи во наредните месец дена нема да може да смета на услугите на капитенот Рис Џејмс. Десниот бек се повреди, а по деталните прегледи потврдено е дека има истегнување на

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија
Go toTop