Конференција „Туркије и Балканот на 100-годишнината од Републиката: Заедничко наследство, култура и иднина“ во Скопје

October 31, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) во Скопје организираше конференција под наслов „Туркије и Балканот на 100. годишнината на Републиката: Заедничко наследство, култура и иднина“, во рамките на прославата на 100. годишнината од прогласувањето на Република Туркије, известува Анадолу.

На конференцијата што се одржа во кампусот на МБУ во Скопје присуствуваа Мухамед Челиккаја, потсекретар на турската амбасада во Скопје, членови на Управниот одбор на МБУ, претставници на турските институции и организации во Северна Македонија, академици и студенти.

Модератор на конференцијата беше д-р Актан Аго, еден од истражувачите на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а презентација имаше Драги Ѓоргиев, директорот на Националниот институт за историја на Северна Македонија.

Ректорот на МБУ проф. д-р Љутфи Сунар, во својот говор на отворањето на програмата, рече дека кога зборуваме за 100. годишнина, не зборуваме за новооснована земја, туку зборуваме за обновена верзија на земја, чија историја се протега со векови наназад пред овие 100 години.

Наведувајќи дека 1923 година може да се опише како датум кога завршиле војните и во земјата започнал мирот, Сунар посочи дека Република Туркије е основана како продолжение на претходните турски држави и може да се смета за последен претставник на државната традиција чии корени одат илјадници години наназад.

Осврнувајќи се на важноста на темата на конференцијата, ректорот Сунар рече: „Тука, во Скопје, како институција со стотици студенти од Туркије, ние, како Балкански универзитет, буквално сме симбол на нашата заедничка агенда и заедничко минато“.

Ѓорѓиев пред новинарите во врска со својот презентација на конференцијата рече дека му е чест што како учесник присуствува на оваа конференција бидејќи смета дека Османлиското наследство има навистина огромно значење за денешницата на целиот Балкански простор.

Посочувајќи дека Отоманската империја е третото наследство во регионот по римското и византиското наследство, Ѓорѓиев истакна: „Затоа што ова наследство е најблиско до нас во времето и луѓето се сеќаваат на тоа наследство, тоа е од извонредна важност за денешницата на Балканот и за сите народи кои живеат на овие простории.“

Ѓоргиев своето излагање на конференцијата го започна на турски јазик, а потоа го продолжи на македонски јазик.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парното поскапе за 4,51%, од 1. ноември нова цена за Скопје

Следно

Лутовска: За време на мојот мандат во Онкологија не сум добила никаква пријава за злоупотреба

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop